-0.2 C
Скопје
07:08 - 11 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ ЗГОТВИ БРЗИ БАНИЧКИ: Вторнички кога душата ви бара нешто соленко

Супер брзи се, лесни, без сукање, месење, тегнење и слично.

Еспресо.мк започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Фото: Приватна архива

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на Инстаграм профилот (martinascookingg) .

Готви од мала, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни носи превкусен рецепт за брзи банички.

Фото: Instagram

Потребни состојки:

  • 400 гр готови кори
  • 1 шолја вода
  • 1 пециво
  • 1/2 шолја масло

Потребни состојки за филот:

  • спанаќ
  • сирење
  • јајца

 

– Кај мене се многу често на мени затоа што буквално се спремаат за 15 минути, а се супер ужина или ручек, вели Мартина.

Подготовка:

Најпрво во посебен сад измешајте вода (обична или кисела), масло и пециво.

За една баничка ви се потребни 2 готови кори. Ставете ги една врз друга. Ставете 2-3 лажици од смесата со вода и масло. Премачкајте со дел од филот (јас пола ги направив со пица фил, пола со сирење и јајце). Завиткајте и оформете. Редете ги на хартија за печење, премачкајте ги со изматено јајце и дел од смесата кој ви остана за премачкување и наросете сусам. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15/20 минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....