18:05 - 25 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Васина торта – кралица на тортите уште од 1908 година!

готвиме со теа, васина торта

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супер здрав и едноставен оброк – лосос со зеленчук

„За Васината торта се смета дека е автентична српска торта чиј рецепт датира уште од дамнешната 1908 година. И покрај тоа што е многу стар рецепт, сè уште се подготвува и е една од најубавите торти. За да не ви падне шеќерот, засукајте ги ракавите и подгответе ја оваа прекрасна торта“, вели Теа.

Потребни состојки:

За фил:

  • 250 гр путер
  • 200 гр шеќер во прав
  • 250 гр мелени ореви
  • 150 мл млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 4 жолчки
  • 100 гр чоколадо
  • кора од портокал

За пандишпан:

  •  4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 4 лажици мелени ореви

За шлаг од белки:

  • 4 белки
  • 8-10 лажици шеќер
  • 2-3 лажички сок од лимон

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Супа од тиква за вистинско есенско уживање!

Подготовка:

Млекото заедно со 2 лажици шеќер се става да зоврие, а потоа во него се додаваат мелените ореви. Убаво се меша, се трга на страна и се остава да се излади. Жолчките се матат на пареа со 4 лажици шеќер и на крај се додава чоколадото. Путерот се мати со 200 гр. шеќер во прав додека да стане пенест. Сите 3 фила откако ќе се изладат се мешаат заедно и се додава рендана кора од портокал. 4 јајца се матат со 4 лажици шеќер. Откако ќе се изматат се додава 1 лажица брашно и 4 лажици мелени ореви. Убаво се меша и става да се пече во округло тавче 10 минути на 200 степени. Изладениот пандишпан се филува со претходно подготвениот фил и одозгора се става шлаг од белки. 4 белки изматете ги со 8 лажици шеќер за да добиете густ шлаг и на крај додадете го сокот од лимон. Украсете со пачиња портокал, убаво изладете ја тортата и уживајте во вкусот заедно со чаша добро кафе.

На здравје!

Слични објави

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо
Се вчитува....