08:11 - 13 ноември, 2026

НА ГОСТИ КАЈ ЦЕЦА ВО ЧЕНТО: Рецептот е едноставен – многу љубов!

Денес уживаме во населбата Ченто во дворот на жената со златни раце, Цеца Стојчевска.

Стојчевска е вработена во Военото воздухопловство, но и покрај тоа што има куп работа, секогаш посветува доволно време на нејзиното цветно царство, но и на – внимавајте – изработка на прекрасни декорации! 

– Години наназад цвеќињата ми се голема љубов, тие ме опуштаат и уживам во нивното одгледување, вака ја започнува својата цветна приказна нашата Цеца.

Дворчето не е премногу големо, ама е прекрасно! А нашата домаќинка сама е одговорна за неговата нега, за садење и сè што е околу грижата на цвеќињата.

– Сакам секакво цвеќе. Не можам некое посебно да одделам како омилено, имам петунии, рози, бонбончиња, вербена, сребрен водопад, лаванда, сардели, сукуленти, и да не набројувам…има од се по нешто, ни рече Цеца.

 

Оваа вредна жена секојдневно им посветува најмалку по еден час на своите убавици, но за време на викендите – повеќе, и до три часа.

– Има што да се работи. Зимно време некои од цвеќињата ги внесувам внатре, некои остануваат надвор, оние што не мрзнат, – вели Цеца и додава – некои пак, секоја година ги садам бидејќи се едногодишни.

Следува совет за оние кои сакаат допрва да почнат да се занимаваат со нега на цвеќе.

– Мојот совет за почетници би бил да почнат со поедноставни цвеќиња, како бонбончиња, благодарни и незахтевни за одгледување, ни вели жената со златни раце. 

Ни објаснува дека нема посебна филозофија во одгледување на цвеќиња, а основна и главна компонента е љубовта. Односно, ако имате љубов за растенијата и ѝм ја давате, тие знаат да возвратат и да ве израдуваат. Потоа, доаѓаат негата, дохраната, наводнувањето и се друго.

Рецептот е едноставен – љубов!

Инаку, Цеца е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата.

ФОТО ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....