08:21 - 13 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Стоплете се со превкусна рибја чорба

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Теа денес ни направи рибја чорба, совршена за есенските денови.

– Најчесто главата и опашката од рибата ги фрламе, но јас ви подготвив рецепт во кој што можете да ги искористите и да добиете прекрасна рибја чорба, вели Теа и додава:

Направете си поголема количина за да имате за појадок, ручек и вечера, нема да зажалите.

За подготовка на овој рецепт за 4-5 лица се потребни следните состојки:
🐟 глава, опашка и икра или млеч од риба (крап)
🐟 3-4 моркови, средна големина
🐟 ½ главица корен од целер
🐟 1 пашканат
🐟 млад кромид или праз (по желба)
🐟 1 компир
🐟 1,5 – 2 л. вода
🐟 мешан сув зеленчук
🐟 сол и црн бибер
🐟 масло
🐟 1 лажица брашно
🐟 лист од целер или магдонос (по желба)
⏱ Време на подготовка 30-45 мин.

фото приватна архива

ПОДГОТОВКА

Сите состојки исецкајте ги на ситни парчиња или во сецко. Во садот во кој ќе ја правите супата ставете масло да се загрева и откако ќе се загрее ставете ги морковите да се пропржат 2-3 минути. По некоја минута пржење додадете ги претходно исецканите моркови. Налејте вода, додадете ги сите останати состојки, зачинете и посолете. Во исто време ставете ги и деловите од рибата. Варете 15 до 20 минути. Со лажица решетка извадете ги сварените делови од рибата во посебен сад, а чорбата тргнете ја од оган. Откако рибата внимателно ќе ја исчистите со помош на две вилушки, вратете ја во чорбата (икрата или млечот згмечете ги со вилушка во друг сад за да не се измешаат со коските).

Во тавче на оган ставете малку maslo и една лажица брашно да се пропржи за да добие златно жолта боја. Оваа запршка ставете ја во чорбата која ќе и даде густина и посебен вкус (за оние кои не конзумираат брашно, може и без оваа запршка).

Вратете ја чорбата на оган, додадете бибер и исецкан лист од целер или магдонос и по 2 минути варење исклучете го огнот.

На здравје и уживајте!

 

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....