5.8 C
Скопје
01:55 - 1 април, 2026

КОЛУМНА: ВЕКОВИ ПОДОЦНА – Љубовта прогласува автономија од бракот

цитрус

Читав еден есеј за потеклото на бракот кој инсистира дека институцијата се појавила како своевиден затвор за жените, бидејќи мажите низ историјата сакале да имаат монопол врз нашите репродуктивни органи (како сум го напишала ова, демек сега е различно), односно да си обезбедат ЧИСТОКРВНИ наследници.

Значи контекстот на бракот, најрудиментарен, најискрен е: СОПСТВЕНОСТ!

Во главата, а и во светот често ја дебатирам оваа тема, бидејќи толку сум некомотна од оваа институација во која треба да се впуштам(ја следиме сега структурата на општеството), едно од што помислата да бидат нечиј имот, буквално друго суштество да има правна – легална сопственост врз мене ми ја заледува крвта, ама второ од самата скепса што ја имам како човек дека едноставно, една личност за век и векова нема да ме убие од досада и стагнација да ми ја разгради целата животна материја и оптимизам.

Од длабоките паники и гадења поврзани со институцијата брак како КРУНА НА ЉУБОВТА, ФИНАЛЕН ЧИН, ЦЕЛ, размислував за начинот на кој воспоставуваме романтични односи денес и многу лесно сфатив (да си честитам) дека modus operandi на мојата генерација е: „Брз Секс – Спора Љубов“, што придонесува во подоцнежно или поретко склучување на бракови.

Следете ме

(КОЛУМНА)НОВА ЕПИЗОДА ВО СЕРИЈАЛОТ НА МОИТЕ ЉУБОВНИ ЈАДОВИ: Која е етиката на однесување на прв состанок?

Не навивам за смртта на бракот, туку напротив! Навивам за неговото автентично постоење, првпат по векови. Ако многу од претците немале луксуз да избираат партнери ние имаме партнери на претек. Не можам да го споредувам бремето на 13 годишна невеста во 12 век, зошто се чини смешно и површно да начнам тука вековно насилство извршувано врз жените низ една-две реченици.

БРЗ СЕКС – СПОРА ЉУБОВ или нашиот modus operandi е нож со две острици, нели. Од една страна не сме осудени на пропаст, на првиот човек што ќе наиде или на времето кое тече по завршување на факултет, ама од друга страна има толку многу избор. Па што да се прави кога со тој брз секс, не се стигнува до љубовта ако ја поставиме неа како вистинската и суштинска цел?

Со последната реченица некако изгубив желба да претпоставувам како е најдобро да изгледа и да се манифестира љубовта, иако верувам дека нејзин единствен јазик е низ слободата, ама ѝ се радувам што по многу векови конечно ПРОГЛАСУВА АВТОНОМИЈА ОД БРАКОТ.

КОКОДАКАЊЕ: Да се биде влакнест или не? Прашањето е сега!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....