3.8 C
Скопје
01:32 - 21 декември, 2024

(ФОТО)ЦВЕТНАТА ПРИКАЗНА НА ВЕСНА ЗДРАВКОВСКА: Цвеќињата сами кажуваат што бараат и што им треба!

Во скопско Стајковци има еден двор кој едноставно не можете да го одминете. Оддалеку мириса, оддалеку плени, оддалеку навестува убавина. Заслужна за ова цветно волшепство е госпоѓа Весна Здравковска. Ја замоливме да ни ја раскаже нејзината цветна приказна. 

приватна архива

Од кога се занимавате со одгледување на цвеќе?

– Отсекогаш сум го сакала цвеќето, и како најубав украсител на дворот и како нешто кое ме исполнува. Цвеќето секогаш било присутно во мојата средина, а од пред 3-4 години инспирацијата која ја добив од нив ја преточив и во професионално занимање, па така произведувам петунии, винки, импатијас и бегонии кои можат да се видат на Фејзбук страницата Петунија.мк

Очигледно дека петуниите ви се омилени, колку време беше потребно за да израснат во целиот овој раскош кој го видовме на фотографиите?

– Бидејќи јас се занимавам со нивно производство, водам грижа за нив од самиот почеток на нивното засадување, па она што може да се види на фотографиите се петунии во нивниот најраскошен период, односно од мај до септември. Но, нивната сезона не завршува тука, со соодветна грижа тие можат да издржат и да ја пречекаат зимата.

Какви други цвеќиња и растенија одгледувате?

– Одгледувам најразлични видови цвеќиња и растенија, од плодоносни до украсни, па така во мојот двор можат да се сретнат винки, импатијас, спатифилиум, јасмин. Но, мојот фокус и ангажман најмногу е посветен на одгледување петунии, винки, импатијас и бегонии.

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Цвеќето е жива материја и кај него постојано нешто се случува затоа и бара постојано внимание. Всушност, веројатно најмногу бара преданост, не може да го имате доколу не го следите, не внимавате како реагира, дали нешто му одговара или не и интересно е што тоа не се прилагодува, туку бара од вас да го следите. Затоа и релативно е времето кое го бараат кое исто така зависи и од количината. Во мојот случај просечно ми се потребни околу 30 минури до 1 час.

приватна архива

Кој е најголемиот предизвик во одгледување на цвеќиња и воопшто уредување?

-Постојат многу предизвици, најпрво веројатно тука се временските услови кои во голема мера можат да го диктираат процесот на развој особено кога се занимавата со одгледување на поголема количина, потоа наоѓање на соодветна местоположба,  навремено детектирање на болест или некаков недостаток кој растението го има и правилно делување и други. Навидум ова изгледа како бесконечна низа, но со навлегување во нивната материја ова може да прерасне во една рутина.

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Петуниите се сезонски цвеќиња, а за да стасаат до периодот кога сите не пленат со убавината мораат да бидат посадени во зима на ниски температури, за таа цел треба да им се обезбеди доволно светлина, топлина и храна која ние им ја даваме. Додека оние цвеќиња кои не ја издржуваат зимата треба соодветно да бидат навремено сместени и третирани во внатрешни простории .

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќиња да почнат?

-Мојот совет, во суштина, е многу едноставен: за да се одгледува цвеќе, или било кое друго растение, најпрво треба да се има љубов за тоа. Тоа е стартната позиција, а подоцна само се препуштате и учите постојано низ целиот процес.

Најпогодни растенија за почетници се оние растенија кои се повеќе издржливи на било какви влијанија како спатифилиумот, кактуси и сукуленти, калатеа, фикуси и сл. И како за крај за што и да се одлучите – набљудувајте, растенијата често самите кажуваат што бараат и што им треба.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....