00:01 - 7 април, 2026

(ФОТО) ВОЛШЕБНА УБАВИНА ВО СЕЛО ПОПОЛЖАНИ: Цветна приказна на пензионерката Мена

Денес сме во живописното село Пополжани, во областа Копачка, на околу шест километри оддалеченост од Кичево. Селото се наоѓа помеѓу падини на југозападот и рамнина околу реката Треска на североисток, а кај Пополжани се влева Бечичка Река во Треска.

Срдечно сме пречекани од Мена Гиноска и нејзиниот сопруг, и двајцата веќе седум години пензионери.

– Се занимаваме со цвеќиња цел живот, додека бевме во градот одгледувавме домашни цвеќиња, – ја започнува својата цветна приказна госпоѓа Мена.

За оваа убавина е вложен голем труд и многу љубов. Дворот се простира на дури 400 метри квадратни. За поголемиот дел, косење на трева, кроење на зимзелените дрвца, жива ограда, е одговорен сопругота на Мена, а нејзиниот ангажман е околу саксиските и другите цвеќиња.

Доминираат зимзелени украсни дрвја и сезонски цвеќиња.

– Во лето дворот е расцветан со петунии, сардели, кавалер и дама, и многу други видови цвеќе, во есен пак, хризантемите го имаат главниот збор – ни открива нашата цветна дама.

Нејзино омилено цвеќе е кавалер и дама, го има во три бои и во многу саксиии.

– Во текот на зимата, цвеќињата што мрзнат ги внесуваме дома, некое што ни се посадени во земја ги виткаме со слама и најлон, како на пример, бананата – објаснува Мена.

Следува совет за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со нега на цвеќе и растенија.

-Тие што сакаат да се занимаваат со одгледување на било какви цвеќиња и дрвца треба пред се да ги сакаат и да се грижат постојано за нив – децидна е нашата соговорничка.

Инаку, госпоѓа Мена е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....