16:05 - 30 јануари, 2026

(ФОТО) ВО РАСКОШНИОТ ДВОР НА ВИКИ ЧАДИКОВСКА: Цитрусните растенија се мојот следен предизвик

Денес уживаме во импресивниот двор на новинарката Вики Чадиковска, со преубав поглед на Скопје. И веднаш ни станува јасно од каде ја црпи нескротливата енергија оваа активна и успешна жена, мајка и сопруга.

фото – приватна архива

Од кога се занимаваш со одгледување на цвеќиња?

– Растенијата и цвеќињата отсекогаш ми биле љубов. За мене, навистина е предизвик да се радувам на убавата енергија која ја даваат, додека ги негуваш. Порано ги одгледував дома и на тераса, но откако се преселивме во куќа, еве веќе три и пол години, имам убава можност, оваа моја пасија да ја негувам на најдобар можен начин.

Дворот е моја цветна градина, а нејзиното одржување е едно убаво хоби, кое навистина ме прави среќна.

Кој е одговорен за уредување на дворот?

– Одржувањето на зеленилото, тревата и другите грмушки во дворот, им припаѓа на сопругот и на синот. Јас сум задолжена за цветниот дел. Внимателно ги бирам, комбинирам, се грижам за нив. Ги негувам на најдобар можен начин, ги прихранувам, ги вадам, следам дали ќе се појави некаков проблем. Едноставно им ја нудам љубовта, на истиот начин како што и тие ја враќаат назад.

Кои цвеќиња и растенија доминираат во дворот?

– Во внатрешниот дел имам многу орхидеи, од најразлични видови. Нивното цветно издание, е вистински раскош, на кој навистина искрено се радувам. Голем дел од нив, успеав да ги размоножам сама, што беше посебен предизвик и силна мотивација. Имам и замии, филодендрон, љубичици, маранта, драцена, шефлери, пахира, сансеверија … Во дворот имам хортензии, сардели, лалиња, хибискус, бугенвелија, лимон, неколку видов мандарини, маслинки, рози, палма …

Колку време дневно бара посветеност оваа убавина?

– Не знам точно да кажам колку време. За мене, тоа време е посветеност во едно убаво уживање. Сакам да добијат доволно вода и хранливи работи кои ќе им бидат неопходни да растат на најдобар можен начин.

Позицијата им годи, па вистинска радост е кога ќа ве наградат со раскошни цветови.

Кое е твое омилено цвеќе?

– Голем обожавател сум на орхидеи, ги имам над 30. Ги сакам и хортензиите, азелеите, хибискусот и бугенвелијата, кои навистина изгледаат волшебно. Но, морам да признаам дека и сарделите изгледаат раскошно во цвет. Ги сакам сите кои имаат раскошни цветови. Ми делуваат волшебно во нивната убавина. Мандарините за кои бев резервирана дали ќе успеат во дворот, и минатата, а и оваа година, беа полни со плодови, што дополнително ме израдува. Цитрусните растенија ќе бидат мојот следен предизвик во дворот.

Како се грижите за растенијата во текот на зимата?

– Дел од нив ги внесувам дома. Претходно внимателно ги прегледувам. Ги туширам, им ги пребришувам листовите, ги потхранувам. Внимателно ги следам приспособувањата. Оние кои остануваат во двор, ако има потреба, ги „облекувам“ за да ги заштитам од ниски температури.

Еден градинарски совет за оние кои сакаат да почнат со одгледување на цвеќиња, од кои цвеќиња да почнат?

– Од сарделите. Тие се наједноставни за одржување. Но, она што е многу важно пред изборот на цвеќе или растение, е позицијата на дворот или терасата. Изложеноста на сонце е многу важна. И секако, желба да одвоите време, затоа што секое растение бара грижа, во најмала рака, за наводнување. Ако сакате да почнете со цвеќе или растение дома, нека биде сансеверија или замија. Многу се лесни за одржување. Не бараат претерана нега. Наводнување може дури и еднаш во месец, што значи нема да промашите. Со среќа на сите оние кои ќе пробаат да се радуваат на волшебните убавини кои ги нудат растенијата, без разлика дали ќе бидат дома или надвор.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА 

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....