7.8 C
Скопје
22:39 - 31 март, 2026

(ФОТО) ВЕЖБАМЕ СО ЕЛЕНА МИРЧЕСКА: Hip thrust и вежби за раце

Фитнес инструкторката Елена Мирческа подговтви нов сет вежби за читателите на Еспресо.

Мотивацијата е важна, сè друго е изговор!, вели Елена.

Елена денес ви предлага неколку основни вежби кои можат да се изведуваат во домашна атмосфера, за затегнување на целото тело, конкретно Hip thrust и вежби за раце. 

Hip thrust

Ова е една од најдобрите вежби за обликување на задникот, а истовремено има свој бенефит за грбот и на нозете. За правилно изведување легнуваме со горниот дел од грбот на столицата или софата, ги носиме стапалата напред додека не достигнат агол од 90 степени со колената. Задникот и колкот го држат телото паралелно со подот во почетната положба и туркајќи се со рамената од површината, го спуштаме задникот горе/долу, држејќи го стомакот стегнат и грбот исправен.

приватна архива

Таргетирани мускули: задник и нозе.

Ова е едноставна вежба која секој може да ја издржи доколку ја изведува правилно и брзо се гради кондиција. Со тек на време, можете да додадете тежина на колковите за поголема ефикасност.

Започнете со 20 повторувања и постепено зголемувајте.

Раце

Во оваа положба истовремено со рацете го вежбаме и долниоте дел од телото во изометрична положба. Земаме две шишиња со вода, а понатаму може да употребите сув или влажен песок. Денес одбрав да вежбаме гради, раменици и грб. Држете го телото добро фиксирано, лактите и рацете во права линија со рамениците и добро истегнати горе над градите, а во третата вежба – прави лакти, ги носиме рацете напред/назад и тегнеме рамениците и грбот.

приватна архива

Таргетирани мускули: целокупна абдоминална регија, грбните мускули како стабилизатори, колковите и нозете.

Не се разочарувајте доколку на почеток не можете да направите повеќе од неколку повторувања. Со правилна форма и упорност, постепено ќе покачувате.

Утре (среда, 22. септември) на еспресо.мк ќе имате можност да го видите видеото со сите претходни вежби подготвени од инструкторката Елена Мирческа

За повеќе вежби, можете да ги посетите и „онлајн“ часовите на Елена или да ја „лајкнете“  Фејсбук страната @FitnesStudioLadyFit.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....