08:53 - 2 април, 2026

ФОТО СТОРИЈА: Домаќинка и сточарка, Виолета од село Горни Балван наоѓа време и за цвеќиња!

Денес ве водиме во општина Карбинци, во селото Горни Балван, сместено во околината на Штип. Разговараме со домаќинката која се занимава со сточарство, чување овци и телиња, Виолета Манева. Ни вели дека сточарството е карактеристично за животот на село, па така е и со неа.

Виолета активно одгледува цвеќиња веќе четири години.

– Сама сум одговорна за одгледувањето цвеќиња и за дворот – ни вели Виолета.

Дворот се протега на 1 декар, а таа во текот на денот на своите убавици им посветува најмалку по час до два.

Бенџаменот ѝ е омилено растение, како што вели, затоа што има преубав лик и изглед.

Во текот на зимата, Виолета ги собира цвеќињата и ги сместува дома, само тие што ја издржуваат зимата остануваат надвор, во дворот.

На оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе, Виолета им порачува:

– Како за почеток, шеќерчиња, маловки, копривки, а можам да советувам и дека цвеќиња треба д аодгледува само тој што ги сака цвеќињата, зашто за да ги одлегуваш, пред сè, треба да ги обожаваш!

Инаку, Виолета е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....