12.8 C
Скопје
05:49 - 13 октомври, 2026

(ФОТО) МАКФЕСТ 2021: Навистина Мартинијан Кириловски гази цврсто со „Вистина“

Со песната „100 пати на ден“ победи на 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2019“ . Младиот кумановец и оваа година ќе ѝ ги подари на макфестовската публика, најубавите емоции.

– Конкуренцијата е совршена – ни открива Мартинијан Кириловски кој вечерва настапува во финалната вечер на ,, Макфест” 2021.

Со оглед на твоето искуство на сцената, колку време се подготвуваше за оваа вечер?

– Подготовките започнаа многу одамна…Прво, со снимањето на песната. Додека авторите Ристо Самарџиев и Давор Јордановски работеа на композицијта, паралелно, јас со екипата од Куманово работевме на видео запис за истата. Успеавме сè навреме да завршиме и презадоволен сум! Морам да ја спомнам одличната соработка со двата тима. Последните денови пред „Макфест“ се сконцентрирав на песната, ја слушав и пеев, на сценски настап, но и работев на мојот стајлинг. Ете, тоа е најкратко кажано за моите подготовки.

Како се чувствуваш, има ли страв, предизвик, очекувања…?

– Ух,и тоа премногу!

Каква е песната со која ќе се претставиш пред публиката?

– Песната се вика „ВИСТИНА“ и  станува збор за балада, но сепак брза латино-ориентална варијанта.

Какви се твоите очекувања за фестивалот?

– Прво, сакам песната да ја преставам во најдобро светло, да биде прифатена од публиката  и да биде сè совршено. Како и кај секој учесник така и кај мене постои надеж да се пласира на повисоко место, а зошто да не и награда, (се смее, н.з). А фестивалот е совршен во организацијата и работата.Секоја чест!

Секогаш си сам на сцената, па дали за вечерва подготви нешто ново?

– Оваа година не сум сам. Имаме осмислено сценски настап која ќе внесе свежина во програмата. Ќе видите.

Чувствуваш ли дополнителен притисок и одговорност знаејќи ја важноста од учество на најпрестижниот македонски фестивал?

– Преголема одговорност чувствувам кон фестивалот и штипската публика. Уште од 2013 година,  ме прифатија, ми ја дадоа нивната поддршка и секогаш кога настапувам на фестивалот сакам да се претставам во најдобро светло и нивните очекувања да ги исполнам.

Преголема одговорност чувствувам кон фестивалот и штипската публика. Фото – приватна архива

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо
Се вчитува....