22:09 - 6 април, 2026

(ФОТО) ЈУЛЕ НИ ЈА НОСИ ЕСЕНТА НА ТРПЕЗА: Неодоливи бои, вкусови и миризби во жолти нијанси

Јуле ни ги носи сите бои на есента на нашата трпеза. Уживајте и вие, во вашите домови, во ваквите убавини кои овојпат ни доаѓаат од Гостивар.

приватна архива

Јулијана Златаноска од Гостивар, вработена во „СЛ Клуб“, е сопруга и мајка на две деца, Кристијан и Стефан. Вели дека готви од мала и дека повеќе ги сака комплицираните рецепти. Нејзините први такви творби биле пуслица и јапонски ветер кои ги направила кога имала 13 години. Љубовта за готвењето ја наследила од нејзините родители, кои цел живот работеле во кујни и ресторани.

– Готвењето ме опушта, тоа ми е како антистрес терапија и бегство од проблемите што ги носи животот. Сакам да готвам и традиционални рецепти и секогаш се трудам да изгледаат убаво и вкусно, и на око и на вкус, вели Јуле и ни открива како да ја разубавиме трпезата воесенски бои и мириси преку неодоливиот рецепт со јаболка. 

КРЦКАВИ И АРОМАТИЧНИ КОРПИ СО ЈАБОЛКА

Подготовка:

100 грама шеќер се растопува и се додава 50 грама путер. 4 излупени јаболки се сечкаат и се пропржуваат во шеќерот. Се додава по 50 грама брусница и ореви, малку цимет и рум. Се редат 4 кори една врз друга, и се сечкаат на коцки колку калапот за мафини. Се прават 6 корпи, се полнат со филот, се наросува со ливчиња бадеми и кратко се потпекува.

Се служат топли со топка сладолед.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

приватна архива
приватна архива
приватна архива

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....