16:53 - 2 ноември, 2026

Едноставни ритуали кои ќе ви помогнат парите буквално да се „лепат“ за вас

Според фенг шуи, постојат едноставни ритуали кои ќе ви помогнат парите буквално да се „лепат“ за вас.

Колку и да се водиме според мислата дека парите не донесуваат среќа, мораме да признаеме дека во нашиот секојдневен живот, тие играат многу голема улога. Според филозофијата фенг шуи, за да имате пари, мора да ги сакате, бидејќи како што енергијата не оди кај секого, така ниту парите нема да отидат кај оние што не ги сакаат.

Доколку сте подготвени да се збогатите, пробајте ги овие едноставни ритуали:

Изберете ја вистинската боја

Виолетовата, црвената и зелената боја поттикнуваат енергија на благосостојба во животниот простор. Еден од начините ова да го постигнете е во стаклена чинија (поставена на југоисточниот дел од станот) да ставите некој полускапоцен камен во овие бои, виолетов аметист, црвен карнеол или зелен жад.

Друга опција е тоа ќоше од собата да го обоите во некоја од наведените бои, или да го осветлите со ламба, исто така во таа боја.

Златната рипка, според ова верување, навистина ги исполнува желбите.
Набавете аквариум и 8 риби. Според фенг шуи, комбинацијата од осум златни рипки или рипки со портокалова боја и една во црна боја има моќ да привлече богатство. Бројот осум според кинеското верување, е број кој претставува благосостојба.

„Парата на пара се лепи“

Оваа изрека важи и во овој случај. Доколку во југоисточниот дел од домот држите чинија со ситни парички, тоа ќе ги зголеми вибрациите и ќе помогне во привлекувањето на пари.

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.
Се вчитува....