8.8 C
Скопје
09:55 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дали ви е потребен чадор за утре?

– Новата работна седмица ќе ја започнеме со сончево време, а ќе има и умерена, локално и позначителна облачност. Во текот на неделата, повремено ќе има услови и за слаб локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Сепак поради влијанието на постудената воздиушна маса од север, наутро температурите ќе бидат доста ниски и на многу места ќе се спуштаат до околу 0 степени, а понекаде и тоа особено на повисоките места и на планините, истите се очекува да се спуштат и до околу -3 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и додава:

– Токму поради ова ќе има услови за појава на слаб мраз, па така особено земјоделците да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и со време да ги заштитат своите земјоделски култури.

Според Попоски, максималните дневни температури пак нема да бидат толку многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

– Во Скопје и околината во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со умерена, повремено и позначителна облачност. Ќе има услови и за сосема слаб локален дожд во текот на неделата, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро температурите се очекува да се спуштат до околу 2 до 3 степени над нулата, додека максималните ќе се искачуваат до околу 15 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....