30.8 C
Скопје
14:17 - 1 јуни, 2026

(ФОТО) ДВОР ИЗВАЈАН СО ЉУБОВ ДО СОВРШЕНСТВО: Вајарката Соња има предизвик од 1.000 квадратни метри!

Денес уживавме во дворот на Соња Лазаревска, во скопската населба Ченто, со импресивна големина – илјада квадратни метри. Се разбира, импресивни се и цвеќињата и растенијата негувани од оваа цветна дама, која очигледно, обрнува внимание на секој детал, до перфекција. И тоа не е необично, доколку знаеме дека Соња е уметница.

Уметницата Соња – уметност во дворот, фото приватна архива

Соња завршила средно уметничко училиште, отсек вајарство. Таа е скулпторка, но вработена е во дом за стари лица, кој вели дека го поддржува. Во слободно време пак, се занимава со цртање.

– Со одгледување на цвеќиња се занимавам веќе четири години. За уредување на дворот во мојот дом сум одговорна јас, моите родители и моите ќерки, заедно со сопругот – ни објаснува нашата уметница.

Во дворот доминираат кактусите и секулентите, а од цвеќиња тука се прекрасните сардели, обетчиња, бунгенвилии, бегонии, стелиција, клематис, хортензија…

Дворот е опркужен со многу дрвја, меѓу кои има најмногу елки. Па, можете да замислите каква магија се случува тука за време на новогодишните и божиќните празници, кога ќе падне и малку снекче.

– За нега на моите цвеќиња одвојувам секојдневно два до три часа – вели Соња.

Ни открива дека нејзино омилено цвеќе е бунгевилијата или народски – богумилија, зашто самото име кажува дека и на бог му е мила, но исто така и кактусите ги обожава, бидејќи нивниот цвет е многу нежен и преубав.

Во текот на зимата, Соња ги згрижува своите убавици на собна температура.

Ја прашување за совет за сите оние кои сакаат да почнат да се бават со нега на цвеќе и растенија, а таа ни одговара:

Мојот совет е првенствено да ги сакаат цвеќињата и да им посветат внимание, љубов, грижа. За почеток на купување и одгледување цвеќе, советувам да се започне со нешто поедноставно и полесно за одржување, како на пример кактуси и секуленти, или зависно во кое годишно време купувате цвеќе.

Инаку, Соња е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

 

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Мина Костиќ примена во психијатриска болница, била донесена со полициска придружба

Еспресо

(Фото) Три детски срца: Пејачот Чуле од „Дрим тим“ доби уште една ќерка

Еспресо

Гардероберот на Александра Пријовиќ вреди богатство, само еден фустан чини повеќе од половина милион денари

Еспресо

Семеен одмор во убав град — Водителката Цеце Тодосовска ужива со најмилите

apostolova

Се огласи сестрата на Мина Костиќ по информациите за хоспитализацијата на пејачката

Еспресо

(Видео) „Имав 11 скршени ребра“: Камионџијата Андруш си ја отвори душата

Еспресо
Се вчитува....