14.8 C
Скопје
14:42 - 18 декември, 2024

(ФОТО) АНА ПЕТРОСКА НИ ЈА НОСИ ЕСЕНТА ПРЕКУ ФОТОГРАФИЈА: Македонија има многу неистражени места кои заслужуваат внимание

За себе вели дека сè уште е нова во фотографијата. Започнала да фотографира со цел да промовира угостителски објект во Струга со кој менаџира нејзиното семејство. По две години фотографирање, од лани, почнала да го проширува својот опсег и да креира впечатоци преку фотографијата од места кои ги посетува. Така, младата фотографка Ана Петроска од Скопје го создала и својот Инстаграм профил и Фејсбук страница – Ana’s Photos – justaphoto.ap.

фото – приватна архива

– Откако започна корона кризата научивме многу за нашите локалитети. Научивме дека Македонија има многу места за посета, за преубави фотографии и многу неистражени места кои заслужуваат внимание, – вели Ана.

Kои според тебе се најимпресивни, а кои најживописни места во Македонија кои треба да се посетат, а видени од фотографски агол?

– Најубав впечаток ми остава Крушево. Од фотографска перспектива, Крушево можете да го фотографирате во макро и микро план. Можете да правите пејзажи, да фотографирате портрети, да зграпчувате детали. Во Крушево можете да фотографирате во центарот на градот затоа што имате уникатно изградени улици, можете да одите пошироко и да ги фотографирате куќите и уникатната крушевска инфраструктура. На крај, заминете во прошетка во природата и од таму ќе направите прекрасни фотографии. Мислам дека токму преку фотографијата овој наш македонски град се промовира многу повеќе, особено во периодот откако започна пандемијата.

Но, секако, тука е и Струга која нуди одлични летни кадри, Охрид, и многу други места кои сè уште не сум ги истражила. Нашите градови нудат многу од фотографски аспект, а мој фаворит е секако Крушево.

Освен Крушево и Струга, кои градови и села низ Македонија ти се најомилени за фотографирање и зошто?

– Струга, Крушево, Скопје, Охрид се засега мојот фокус. Како што ќе ја продлабочувам мојата фотографска „лепеза“ така и ќе се трудам да опфатам поголем дел од државата, не изоставјќи го источниот дел на нашата земја. За Крушево веќе кажав како ја црпам својата инспирација. Исто така, и за Струга, летото овозможува широко поле за фотографија особено во населбата Езерски Лозја и благодарение на Охридско Езеро. Нашето езеро и крајбрежјето нудат одмор, опуштање и можност за прекрасни фотографии. За Охрид го имам истиот впечаток со надополнување дека овој град нуди многу историја, традиција во туризмот и прошетките, особено во т.н. стар дел на градот кој нуди толку многу душа која, се надевам, ја доловувам преку фотографијата. На крајот доаѓа моето, нашето Скопје, со детали кои не ги забележуваме, бидејќи секој ден ги чекоритеме тие улици, а имаат што да понудат за леќата на било која камера. Тие места се секојдневни, но кога ги анализираме преку фотографијата се полни со живот.

Како изгледа есента преку твојот фотообјектив во Скопје, кои делови на градот фотографски ти се најромантични?

– Есента е прекрасна во Скопје. Пожолтените, портокалови лисја создаваат еден „судир“ меѓу природата изразена преку ова годишно време и современото време кое е исполнето со згради, автомобили и други материјални и нешта создадени од човекот. Овој соживот на природното и човечкото создава едно секојдневие прикажано преку моите фотографии. Токму пред 10-тина дена, едно саботно претпладне и рано попладне, имав фотосесија во населбата Карпош. Одлучив да ги прошетам сите места каде што има дрвја и истите се во полн есенски ек. Се движев меѓу зградите, ги фотографирав парковите и се трудев да ги зграпчам пожолтените лисја, од една страна, и автомобилите, високите згради, детското движење на есенското сонце, од друга страна. Фотографиите се сè уште во обработка и сакам да ги објавувам додека не почне зимата.

Крушево, фото – приватна архива
Крушево, фото – приватна архива
Есенска идила во срцето на Дебар Маало , фото – приватна архива

Што е најважно за добра пејсажна фотографија?

– За добра пејзажна фотографија не треба многу. Нашата земја е преполна со пејзажи кои треба само да се зграпчат. Ви треба просечна камера, фотоапарат или телефон, запазување на неколку правила на фотографијата и креативност, и желба да ги зграпчите вистинските моменти. Ако имате желба во секој момент можете да направите убава фотографија.

Како треба, според тебе, да се искористат добрите фотографии во туристичката понуда на Македонија?

– Одговорот на ова прашање го начнав претходно. Мој впечаток е дека фотографиите на социјалните мрежи помогнаа за подобра и поголема промоција на Крушево. Многу луѓе со самото „скролање“ на Фејсбук или Инстаграм наидуваат на фотографии од Крушево и од најпопуларните тамошни локалитети. Така, многу од оние кои со години или воопшто не биле таму, сфаќаат дека ова место е убаво и вредно за посета. Слично е и со Струга и со Езерски Лозја. Фотографиите кои ги правам, не само јас, туку и многу други, верувам придонесоа за многу поголема видливост на ова туристичко место. Нашите фотографии придонесоа да ја покажеме убавината на Езерски Лозја и зошто оваа населба близу Струга треба да се посети барем еднаш во летото.

Затоа, фотографијата, онаа аматерска и секако професионалната, треба да се користи максимално за промоција на нашите градови и специфични места. Фотографиите на социјалните мрежи, фотографии во промотивни печатени материјали, банерите и слично, сериозно придонесуваат за промоција. Тоа, всушност, претставува промоција „од уста, на уста“ која е најсилната и најефикасната промоција.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

фото-приватна архива
Градски парк е одлично место за прошетка во есенските денови, фото – приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....