14.8 C
Скопје
12:04 - 15 мај, 2024

Зoшто се објавуваат вестите за Филан

Гледам некои луѓе ги буни тоа што медиумите со голем интерес известуваат за апсењето на Филан Митрев во Германија и негодуваат дека тоа било незгодно, или непријатно, зашто (најверојатно) тој е син на познатиот македонски кардиохирург Жан Митрев, и речиси сигурно, тоа ги повредува неговите чувства, па би сакал да потсетам на некои елементарни работи за медиумите и вестите.

Дека некој млад човек со македонско потекло е уапсен во Германија, според сите новинарски правила и критериуми, е вест. Дека е уапсен затоа што станал член на озлогласената терористичка организација ИСИС е – поголема вест, или вест со поголема „тежина“. Дека е уапсен додека подготвувал терористички напад, купувал експлозиви и хемикалии, а можеби подготвувал и самоубиствен напад, е „топ-вест“, речиси сензационална. Дека тој млад човек е син на славен и богат македонски кардиохирург е ЖЕШКА СТОРИЈА. Дека тој кардиохирург, де факто, се откажува од својот син, вели дека тој сам си го уништил животот, а сė му било пружено, е – ДРАМА. Драма, која како што велат англичаните speaks volumes (раскажува томови) за парадоксите, трагиката и болеста на светот во кој живееме. Драма од какви што сериозни интелектуалци, како Фром, Фројд, Андерс, Сјоран и кој уште не, понираат длабоко во анализи и потрага по одговорите на тешките прашања што го мачат светот и векот, а талентирани писатели пишуваат сценарија за филмови „базирани на вистинити настани“, кои ја потресуваат публиката, освојуваат „лавови“, мечки“, и „оскари“ и го обликуваат нашето поимање на светот во кој живееме.

Со оглед на ова кажано погоре, би сакал уште да потсетам на најелементарната улога и функција на медиумите, имено и најкратка – да објавуваат вести! Добри или лоши, убави или грди, не е во нивна моќ да бираат. Оти тогаш би се претвориле во козметичари на стварноста, а не во нејзино огледало.

Би им порачал на брзоплетите критичари, ако светот понекогаш им изгледа грд, нефер или неправичен, да не го кршат огледалото. Познато е дека тоа носи несреќа.

П.С. А еве за што се зборува „романот Филан“, што се одмоткува пред наши очи:

За кризата на семејствата на современиот човек
За мрачната страна и високата цена на фанатичната трка по професионален успех
За родителството како нерешлива загатка во услови на отуѓеност
За немоќта на парите пред дезориентацијата, емотивна и идеолошка, во комплексниот и контроверзен современ свет
За моќта на фундапменталистичкото заведување
За психолошката изгубеност на генерации бомбардирани со насилство, политика и криминал
За замките на патот во потрагата по метафизичка смисла
За очајот, насилството и суицидот како средство за политичка борба
За кршливоста на човекот….

The post Зoшто се објавуваат вестите за Филан appeared first on Слободен печат.


Зoшто се објавуваат вестите за Филан was first posted on септември 13, 2020 at 10:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....