13.8 C
Скопје
13:42 - 18 ноември, 2024

Зошто ДУИ упорно тврди дека Хаг го вика Ахмети во својство на сведок?

Никој не може да знае во кое својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети за да даде исказ пред Специјалното обвинителство за Косово со седиште во Хаг. Ова за Слободен печат го тврдат адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, поранешната судијка за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска и долгогодишниот политичар Тито Петковски.

Според Давидовиќ, откако повиканиот ќе седне на столчето и обвинителите ќе почнат да му поставуваат прашања, ќе се дознае за што се работи. Хашкиот трибунал има посебни прописи. Истрагата е тајна и не знаеме во кое својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи нема изјава на Хашкиот трибунал.

Ѕвонко Давидовиќ, адвокат/ Фото: Јутјуб принтскрин /Слободна ТВ

– Најверојатно се работи за истрага и затоа не се даваат податоци кој во кое својство и за што е повикан. Кога се води истрага не се соопштуваат податоци од истрагата. Со нив може да се направи проблем во истрагата, бидејќи можат да влијаат на понатамошниот тек, во смисла да се добијат информации кои сведоци се во прашање па да се влијае врз нив, евентуално кои докази може да бидат изведени, па истите да бидат уништени или пак да се сокријат. Тоа е причината зошто не се соопштува во кое својство и за што е повикан Ахмети. Тој ќе биде сослушан, ќе ја даде својата изјава и дури тогаш тој ќе знае за што е повикан. Ако е осомничен ќе мора да му биде предочено за што е повикан, кои докази го теретат и тогаш ќе биде побаран исказ од него. Тој може да даде исказ, но и да не даде, едноставно може да се брани со молчење, вели Давидовиќ за Слободен печат.

Наместо во Хаг, каде што е седиштето на Специјалното обвинителство за Косово, Ахмети, по негово барање, денеска втор ден ќе дава изјавата пред Хашкото обвинителство, но во Косово. Заедно со Ахмети во Косово е и вицепремиерот Артан Груби, кој утрово не беше достапен за коментар. И Груби и високиот партиски функционер Бујар Османи за медиумите тврдат дека Ахмети е повикан како сведок. Од друга страна пак, експертите од судската фела за Слободен печат велат дека тоа што партијата го пласира во јавноста, не мора да биде точно, бидејќи само инстанцата која ја спроведува истрагата може да знае за што точно се работи. Тие потенцираат дека и во овој случај партиските изјави и соопштенија се за собирање на дневно-политички поени.

Претседателот на ДУИ, веднаш по изборите, преку својот фејсбук профил ја извести македонската јавност дека е викнат во Хаг како сведок.

– Ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг, напиша Ахмети на ФБ.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска, за Слободен печат вели дека во поканата, Хаг не го наведува својството на повиканиот.

Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права

– Тоа се негови искажувања дека ќе сведочи. Во поканата Хаг не наведува како што е повикан поканетиот. Ако тој самиот исказот го третира како одредено сведочење, но Хаг не го наведува статусот дека е сведок. Ќе даде исказ и откако ќе даде исказ судиите ќе одлучат што понатаму. Имало ситуации кога сведокот станува обвинет. Не можам да прејудицирам ништо, но факт е дека Хаг не го вика со одредено својство. Колу што можев јас да го видам на веб старницата на Меѓународниот суд не стои дека тој е викнат како сведок, вели Цаца Николовска, за Слободен печат.

Искусниот политичар, лидерот на НСДП Тито Петковски, вели дека Ахмети е повикан во Хаг но квалификациите во какво својоство е повикан не ги дава ДУИ, туку Меѓународниот суд во Хаг. Не е повикан во својство на сведок туку за да даде изјва пред Хашкиот трибунал на прашања кои ќе ги постават хашките судии, вели Петковски.

Тито Петковски, лидер на НСДП

– Веројатно хашкиот трибунал меѓудругото ги проверувал и истражувал фактите за учествотото на Ахмети во конфликтот од 2001. Ако собере доволно релевантни докази дека има елементи за негово гонење, тогаш ќе ја утврдат квалификацијата на делото. Сите знаеме дека делата против злосторства против човештвото, не застаруваат. Такви кај нас беа со 12-те киднапирани и убиени Македонци – Непроштено, Мавровските работници но и командната одговорност на Али Ахмети, бидејќи беше командант на УЧК. Тоа се три кривични дела кои Хашкиот трибунал ѝ ги остави на Македонија да ги реши, но ние донесовме Закон за амнестија. Сепак, македонското законодавство не може да супститурира меѓународно право за кривични дела против злосторство на човештвото. На таа линија беше повикан и Шешељ. Тој не беше повикан како сведок, туку беше повикан да даде иказ пред Трибуналот. Потоа Хаг направи преквафлификација и го осуди Шешељ, вели Петковски за Слободен печат.

Ахмети вчера веќе дал исказ (вторник), а денеска (среда) ќе следи вториот ден од неговото испрашување. Според косовската телевизија Клан, тој е испрашуван исклучиво во својство на сведок.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во август беше повикан да се појави пред Специјалното обвинителство за Косово, откако СОК минатиот месец објави дека на 24 -ти јуни до Специјализираните совети на Косово (ССК) поднело обвинение од десет точки со кое претседателот на Косово, Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, и неколку други поранешни водачи на ОВК се товарат за воени и други низа злосторства против човештвото. Обвинението го разгледува судија на ССК за претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го потврди или ќе го отфрли.

Од СОК до сега не излегле со коментар во кое својство е повика Ахмети, со образложение дека и Обвинителството и судот се до конечно одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали, ниту се знае кој е обвинет, а кој сведок.

„Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза, или со кого било разговарано. Едноставно, не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност“, изјави за ТВ „Телма“ Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.

Специјалното обвинителство е дел од косовскиот правосуден систем, но со седиште во Хаг, Холандија. Формирано е под притисок на западните сојузници на Косово, поради стравување дека судскиот систем на Косово не е доволно подготвен да спроведе истраги за овие чувствителни случаи. Косовските Албанци се противат на оваа институција, бидејќи ја сметаат за навреда на целите на ОВК за ослободување. Преговорите за формирање на таканаречениот Специјален суд траеја од 2011 до 2015 година. Во него се ангажирани меѓународни судии и обвинители, а самиот суд функционира според косовските закони.

The post Зошто ДУИ упорно тврди дека Хаг го вика Ахмети во својство на сведок? appeared first on Слободен печат.


Зошто ДУИ упорно тврди дека Хаг го вика Ахмети во својство на сведок? was first posted on септември 3, 2020 at 11:31 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....