21.8 C
Скопје
20:29 - 19 мај, 2024

Претседателот на Судскиот совет за Слободен печат: Ставаме крај на судиите од тефтерчиња

Судскиот совет тргнува во офанзива со цел завршница да добијат сите предмети кои застаруваат или пак останале нерешени.

Во изјава за Слободен печат, првиот човек на Советот, Киро Здравев, истакна дека кон крајот на минатата година испратил циркуларно писмо до претседателите на сите судови, барајќи да се направи пресек до крајот на јули за сите вакви предмети, како и акционен план за тоа до кога предметите би се решавале во судска постапка. Здравев додаде дека на почетокот на месецов ќе бара отчет од претседателите на судовите, за тоа што досега е направено по неговото барање за активирање на застарените и нерешените предмети.

– И претходно правев посета за оваа цел по судовите низ државата, но поради корона-кризата се беше ставено на пауза. Сега се ажурираат податоците, а до средината на месецов повторно ќе остварувам средби со претседателите на судовите, за да ме информираат, има ли субјективни или објективни причини некој предмет да истане нерешен – вели претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Тој не одговори конкретно на прашањето дали врз Советот ќе падне товарот од најавата на премиерот Зоран Заев за ревизија на 5 проценти од сите судски предмети.

Заев најави ревизија на пет проценти на судските предмети: Кој ќе го прави изборот?

– Со новиот закон за Судски совет, кој стапи на сила на 30 мај годинава, ние имаме задача да ја оценуваме работата на судиите на секои четири години, а не како што беше претходно – на две. Оценувањето е врз основа на квантитативни и квалитативни критериуми и тоа квалитативните со 60%, а квантитативните со 40%. Сега се изготвува методологијата за исполнетост на критериумите во однос на квалитетот на судската постапка. Се предвидува оценката да се дава по пет предмети предложени од конкретниот судија и пет предмети по случаен избор од АКМИС системот – изјави Здравев.

Претседателот на Судскиот совет објасни дека оценката ќе се дава со цел да се влијае при напредок во кариера, односно избор на судија во повисок суд.

– Доста е од избор на судии од тефтерчиња, време е за избор според квалитетот на постапката –  заклучи претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

The post Претседателот на Судскиот совет за Слободен печат: Ставаме крај на судиите од тефтерчиња appeared first on Слободен печат.


Претседателот на Судскиот совет за Слободен печат: Ставаме крај на судиите од тефтерчиња was first posted on септември 3, 2020 at 12:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....