14.8 C
Скопје
22:19 - 2 мај, 2024

Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира?

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални бил мета на хемиски нервен отров, соопшти портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт кој нагласи оти нема сомнение дека станува збор за супстанца од т.н. „новичок група“.

– Изненадувачки е дека Алексеј Навални во Русија бил жртва на напад со хемиски нервен отров, изјави Зајберт по состанокот со канцеларката Ангела Меркел и повеќе министри во германската Влада од каде е упатена остра осуда за нападот.

Како делува новичок?

Новичок предизвикува верижна протеинска реакција која може да доведе до брза смрт. Тој го блокира производството на ензимот холинестераза, како што се гледа од случајот на Навални. Холинестеразата е важна во метаболизмот за разградување на неуротрансмитерот ацетихолин. Тој има важна улога при будење или за одржување на внимание, фокус, концентрација, па доколку се блокира неговото производство доведува до „бомбадрирање“ на нервниот систем со дразнења.

Рутите со сигнали во организамот стануваат преоптоварени и почнуваат да дивеат. Информациите на нервниот систем во тој случај удираат на ткива, мускули и органи, доаѓа до засилено лачење на плунка и се јавуваат проблеми со дишење, бидејќи жртвата не може повеќе да ја контролира сопствената дишна мускулатура. Парализата и грчевите, понатаму, може да доведат до смрт, ако труењето продолжи подолго.

Каква е улогата на лекарите?

Лекарите најпрво треба да спречат гушење на пациентот поради грчеви во мускулите и дишната мускулатура. Затоа Навални веднаш бил интубиран и ставен на вештачка вентилација. Како противотров се дава атропин, алкалоид кој ги презема ацетилхолинските рецептори на ќелиите и го ослабува „бомбардирањето“ на ацетилхолин.

Третман трае сè додека холинестеразата не почне повторно да функционира. Затоа, во такви случаи, лекарите даваат и активна состојка пралидоксим за да провоцираат производство на холинестераза.

Потекло на отровот

Иако називот „новичок“ сугерира на нешто ново, сепак, тој отров не е нов. Развиен е од советските хемичари во текот на 70-те и 80-те години од минатиот век што всушност претставува цела низа на нервни отрови што се обединети под името „новичок“. Сите имаат органофорфорно јадро, слично како и многу инсектициди.

Новичок-5 и Новичок-7 важат за отрови кои се осумкратно поотровни од воeниот VX, кој е еден од најопасните отровни гасови во светот. Во широко распространетото семејство, новичок постои во повеќе од стотина варијанти.

Производство

За некои од помалку опасните соединенија е пишувано на долго и широко во стручните часописи уште во ерата на СССР, како на пример за органофорфорните инсектициди. Очигледно во тој период претставувало обид за прикривање на воените истражувања со цивилна истражувачка програма.

Но, тука не е крајот. Дури и состојките на самото хемиско оружје се претставени како нормални хемикалии пред меѓународната заедница.

– Советскиот Сојуз произведуваше новичок соединенија за да ја заобиколи Конвенцијата за хемиско вооружување, вели за „Дојче Веле“, Мишел Карлин, токсиколог од универзитетот Нортамбри во Њукасл.

Трикот со кој се служат хемичарите е следен – тие произведуваат две компоненти во форма на ултрафин прав. Тие компоненти не се нималку или се малку отровни и во тоа време не беа забранети.

– Се додека хемичарите поединечно произведуваа неотровни компоненти, тоа не беше нелегално. Но, стана нелегално при нивното мешање, додава Карлин.

Меѓутоа оттогаш ситуацијата се промени. Според актуелната Конвенција за хемиско вооружување се забранети и поединечните компоненти, но новичок хемијата во светот сè уште е малку позната.

Неконтролирани нервни сигнали доведуваат до смрт

Не е едноставно да се утврди кои новичок соединенија се користат при труење со со нервен отров. Па така, нејасно е кои новичок соединенија се користеле во 2018 година за труење на двојниот агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка, иако дејството на тие отрови е добро познато на лекарите.

Со оглед дека новичок соединенијата се значително посилни од другите познати нервни отрови, доволни се мали количини и малку време за нанесување на штета.

Не е безопасен ниту за атентаторите

Кога новичок ќе продре во надворешниот свет, тој претставува опасност во ограничен временски период.

– Во интеракција со воздух и со влага се распаѓа, а покрај тоа може да се измие со вода, вели Карлин.

И атентаторите кои го користат тој отров, сепак, се изложуваат на прилично висок ризик. Секако дека е полесно да се ракува со две нетоксични супстанци, но во моментот кога тие ќе се помешааат, може да настане проблем, заклучи Карлин.

Извор: Дојче Веле

The post Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира? appeared first on Слободен печат.


Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира? was first posted on септември 3, 2020 at 11:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....