15:04 - 19 април, 2024

ИНТЕРВЈУ Стојко Пауновски: Заканите не влијаат врз нашата работа

Државните пазарни инспектори изминатиот период отворија „широк фронт“ со своите контроли за тоа како се спроведуваат владините мерки. Трговци, угостители, локали за свадби, хотели, дискотеки… секој што ќе се обидеше да оди против законот, беше посетен, опоменат и казнет. Стотина пазарни инспектори, против илјадници субјекти во услови на најжестоката здравствена криза и тоа не само на терен, туку и редовно да ги следат и социјалните мрежи, за да се испрати пораката дека нивната цел не е само да казнуваат, туку и субјектите да сфатат – дека треба да работат законски.

Колку е зголемен обемот на работа на државните пазарни инспектори во последно време?

– Државниот пазарен инспекторат своите редовни обврски ги извршува според годишниот план за работа одобрен од Инспекцискиот совет. Освен тоа, Инспекторатот постапува и по претставки од физички и правни лица, а е ангажиран и во спроведување разни други подзаконски акти донесени од Владата на РСМ. Како што и самите знаете, оваа година со прогласувањето на пандемијата на 11 март на ДПИ, доби надлежност да спроведе добар дел од одлуките и другите подзаконски акти на Владата на РСМ, со кои беа определени посебни услови за продажба на одредени стоки и највисоки цени за дел од основните прехранбени артикли. Исто така, пазарните инспектори беа ангажирани и во спроведување на прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на коронавирусот на територијата на државата Сето ова придонесе за битно зголемување на нашиот обем на работа.

Со какви проблеми се соочувате при контролите и дали субјектите што ги контролирате ги почитуваат вашите одлуки?

– Државниот пазарен инспекторат при спроведувањето на надзорите кај правните и физичките лица, било редовни или вонредни, дневни или ноќни, понекогаш констатира одредени неправилности во нивната работа. Тие можат да бидат од различна природа зависно од дејноста. Кога ќе се констатира таква неправилност во законска постапка, се донесуваат управни или други прекршочни мерки, кои субјектот на надзорот е должен да ги изврши. Доколку не бидат извршени се покренува постапка пред надлежен прекршочен орган или надлежен суд. Исто така од почетокот на пандемијата, ДПИ има поднесувано и поголем број на кривични пријави кон одредени субјекти кои не ги почитувале мерките за спречување и намалување на ризикот од ковид-19. Секој субјект при контрола е сам за себе посебен случај и во еден мал дел на контроли, се соочуваме со недозволување на вршење контрола со навреди кон инспекторите, како и со други закани, кои слободно можеме да кажеме, воопшто не влијаат за да се заврши задачата што ни е зададена. Впрочем, инспекторите уште кога доаѓаат во инспекциските служби се спремни на сите вакви предизвици.

Дали имате доволно кадар на располагање?

– Државниот пазарен инспекторат во моментот располага со 155 инспектори на територијата на целата држава со тенденција за негово намалување во блиска иднина, бидејќи еден добар дел од нив се пред пензија, а во текот на последните два-три месеци, дел од инспекторите се пензионираа.
За да можеме да одговориме на сите предизвици, ДПИ во 2019 година прими млади кадри. Вработивме нови 15 инспектори од сите области, кои многу ни помогнаа за да можеме да се справиме и навреме да ги извршиме нашите надлежности. Сепак, дел од инспекторите ги користат олеснителните мерки, поради корона-кризата. Така од вкупно 155 инспектори, целокупниот товар падна на 120, инспектори и помлади инспектори.

Дали се размислува да се зголеми бројот на инспектори?

– Во секој случај морам да кажам дека овој број споредено со обемот на работа што го имаме, со бројот на закони и подзаконски акти што ги спроведуваме, не е доволен. Сигурно дека размислуваме за зголемување на бројот на инспектори  и работиме во тој правец напоредно со намалување на бројот на административни службеници и помошен персонал на ДПИ. Лани, но и оваа година, имавме и доста прераспоредувања на административни кадри, кои ги исполнуваат условите во инспекторатите.

Се забележува дека во изминатите месеци, Вие и Вашите колеги сте меѓу првите што се на терен кои придонесуваат да се спречи ширењето на ковид-19?

– Вашата констатација е на место. Имено, од прогласувањето на пандемијата до денешен ден, Државниот пазарен инспекторат, со сите свои ресурси и човечки капацитет, беше ангажиран во спроведување на одлуките, наредбите и другите владини подзаконски акти, со цел сузбивање или спречување на епидемијата на ковид-19. Се работеше во две, а понекогаш и три смени. Инспекциски надзори беа извршени во трговски објекти, угостителски објекти, во хотели, ресторани за свадби, дискотеки. Бевме присутни на организирани настани, а инспекциски надзори се вршени и во банки и во пошти.

Дали казните се доволно високи за субјектите да не ги повторуваат грешките?

– Секоја казна сама по себе е трошок на субјектите, без разлика дали е голема или мала. Оваа влада ги преполови казните, но од друга страна зголемениот обем на работа, поголемата ангажираност на инспекторите и неселективниот пристап кон прекршителите, доведе да има и зголемување во однос на констатираните неправилности, а и во однос на зголемените износи од казните. За одредени субјекти што ги повторуваат прекршоците, сигурно дека треба да има и поголеми казни, но сепак нашата цел не е само да казнуваме,  туку субјектите да сфатат дека треба да работат законски. Имаме доста случаи, кога исти субјекти и на двапати се фатени дека ја повторуваат грешката или не ја сфатиле пораката со казната или, пак, мислеле дека со плаќањето на казната можат да си продолжат да работат како пред контролите. Сепак, сите што некогаш сме ги казниле, намерно повторно ги контролираме.

The post ИНТЕРВЈУ Стојко Пауновски: Заканите не влијаат врз нашата работа appeared first on Слободен печат.


ИНТЕРВЈУ Стојко Пауновски: Заканите не влијаат врз нашата работа was first posted on септември 3, 2020 at 11:10 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....