16.8 C
Скопје
21:19 - 2 мај, 2024

Брадата стана проблем инспектор во МВР да утврди кај кого вршел претрес за „Монструм“

Не употребував никаква физичка сила врз обвинетите, сведочи во судот поранешен припадник на Единицата за насилен криминал при МВР, кој вршел претрес во домот на петтообвинетиот во случајот „Монструм“, Хаки Азири.

Вработениот во МВР тврди дека со обвинетиот воопшто не разговарал за време на превозот до полициска станица, единствено му ставил лисици, но немало никакви елементи на тортура или пак закани. Тогаш во својство на инспектор задолжен за претресот, додава дека кога влегле во домот на Азири, веднаш по протокол ги изолирале жените и останале само со обвинетиот. При претресот биле користени и кучиња за потрага по експлозив, а ако Азири имал било какви повреди, истите би биле нотирани во записникот.

Сепак, образложувајќи дека поминале многу години, бившиот инспектор не го препозна обвинетиот Хаки Азири, туку посочи дека претрес вршел кај Агим Исмаиловиќ и нагласи дека не можел веднаш да го препознае лицето во судницата, бидејќи тогаш имал брада.

Хаки Азири, на претходните рочишта истакна дека инспекторите физички го повредувале, па затоа неговиот првичен исказ не треба да се земе предвид, но инспекторот одговори дека тој не употребувал сила, а потоа го предал на други инспектори, кои биле главни за истрагата.

На барање на адвокатите на оштетените и обвинителката Фатиме Фетаи Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ ги симнаа маските, но тогашниот инспектор повторно беше неодлучен при препознавањето.

Рочиштето продолжува со прашања од адвокатите на одбраната, а за денеска се предвидени сведочења на уште две лица, припадници на МВР.

The post Брадата стана проблем инспектор во МВР да утврди кај кого вршел претрес за „Монструм“ appeared first on Слободен печат.


Брадата стана проблем инспектор во МВР да утврди кај кого вршел претрес за „Монструм“ was first posted on септември 3, 2020 at 10:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....