22:39 - 8 мај, 2024

Жителите од Дексион не дочекаа одговор од Општината, излегуваат на протест

Жителите од населбата Дексион, в сабота точно напладне, со мирен протест и блокирање на главната улица кај Јурија, во Општина Ѓорче Петров, ќе го искажат својот револт против усвоениот ДУП СЗ 24, со кој се предвидува изградба на згради со 17 ката на овој простор. Тие реагираа веднаш по усвојувањето на планот и бараа од Општината да го ревидира, да се намали градежниот габарит и катноста на зградите, но како што информираат, ниту откако изминаа две недели од нивното барање, нема одговор од локалните власти.

– Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за ковид-19, а неговата цел ќе биде праќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија! Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран – се вели во повикот на граѓаните организирани во Иницијатива против урбано дивеење.

Жителите на Дексион, незадоволни од донесениот ДУП, тврдат дека Јурија ќе се претвори во бетонска џунгла доколку се изградат згради со 17 ката, високи по 58 метри. Според нив, со тоа комплетно ќе се измени демографската слика на тој дел од Ѓорче Петров, ќе се наруши комодитетот на живеење и ќе создаде огромен проблем со новите возила и потребите за живеење на тие жители, како што се градинки и училишта. Покрај тоа, тие стравуваат дека со изградбата ќе запре струењето на воздухот и ќе се зголеми загадувањето.

Од Општина Ѓорче Петров во однос на констатацијата дека станува збор за „габаритен објект од 17 ката“, посочуваат дека тоа се максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела, но со нив не се дозволува изградба на целата површина за градење објекти со оваа височина.

– Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба, со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија, кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период, кога се реализираа „ѕидови“ во должина на улиците – велат од Општината.

Од Ѓорче Петров тврдат дека во просторот значаен дел е одделен за зеленило и дека е планиран и јавен парк на површина од  4257 метри квадратни, во зона надвор од градежни парцели.

Граѓаните не сакаат облакодери во Јурија, ќе блокираат улици ако не се смени ДУП

The post Жителите од Дексион не дочекаа одговор од Општината, излегуваат на протест appeared first on Слободен печат.


Жителите од Дексион не дочекаа одговор од Општината, излегуваат на протест was first posted on септември 10, 2020 at 3:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....