Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, додека престојуваше во амбасадата на Еквадор во Лондон се гледал од Стела Морис, адвокатка на одбраната, која тврди дека му родила два синови.
Дури неодамна таа за британски Сан објасни како се случила нивната необична врска.
Стела и Асанж се запознале во 2011 година, а станале двојка во 2015 година и планирале да се венчаат иако постоела можност основачот на Викиликс да го испорачаат во САД. Во тов време тој веќе 3 години живееше во амбасадата.
Двојката ги доби синовите Габриел (3) и 19-месечниот Макс додека Асанж беше во еквадорската амбасада во Лондон.
Тие се зачнати додека Асанж престојувал во малечка соба во амбасадата чекајќи азил за да избегне испорачување на Шведска, каде две жени го обвинуваа дека ги присилувал на незаштитен секс, пренесува британски Сан.
Тој ова дело упорно го негираше и никогаш не беше обвинет.
Инаку Асанж присуствувал на раѓањето на двете свои деца во Лондон преку видео линк, а постариот Габриел го видел во амбасадата кога му го донеле.
Која е Стела Морис, вереницата на Асанж?
Стела Морис (37) е адвокатка и членка на правниот тим на Асанж. Родена е во Јужна Африка и има шпанско и шведско државјанство, а речиси 20 гоидини живее во Лондон.
Во интервју за Тајмс рече дека „екстрадицијата за Асанж бил била смртна казна“.
– И за остатокот од нашето семејство би значело слично. Моите деца се без татко, а јас би го загубила мажот кој го сакам: Дури и сега не знам дали таткото повторно ќе ги држи во прегратка, вели Морис.
Говорејќи за нивната врска, Морис рече дека се знаат многу години и дека се вљубиле.
– Имавме стабилна, долга врска и сакавме да основаме семејство, рече таа.
И покрај тоа што се секале, да се има врска со човек кој е затворен во амбасада, додека насекаде околу имало безбедносни камери – не било лесно.
За да ја зачува веста од љубопитните очи и уши (иако спалната соба на Асанж немала камери), му напишала во порака дека е бремена.
– Тоа беше планирана бременост, му напишав на хартија, ја свитква и му ја дадов, рече таа.
Како ја запроси Асанж?
Двојката некое време планирала да се венча, прво во амбасадата, а потоа во Белмарш, но сите планови се ставени на чекање поради пандемијата од коронавирус.
Стела ја запросил кога била бремена со нивното прво дете.
– Ми даде слушалици со ВР (витруелна реалност) и рече дека таму има изненадување за мене. Се видов себеси како одам по неговиот виртуелен свет. Видов куќа и плажа со балони и работи. Тогаш Џулијам ми рече „погледни нагоре“, а на небото пишуваше: „Сакаш ли да се омажиш за мене?“, раскажува неговата вереница.
На прашањето на новинарката на БиБиСи како изгледа забавувањето со човекот кој буквално живее во една соба, Стела одговори дека „љубовта секогаш наоѓа начин“.
– Си пишувавме еден на друг работи доколку беа толку интимни што не сакавме да ги изговориме на глас, рече Стела.
Џулијан Асанж моментално се наоѓа во Белмарш, строго обезбедуван затвор во Лондон.
Еквадор му го укина азилот во април 2019 година, а полицијата го уапси и тој е извлечен од амбасадата.
Својот најмлад син Асанж првпат го виде додека беше во Белмарш.
Моментално се бори против екстрадиција во САД.
Асанж се соочува со 17 точки на обвинение за кршење на американскиот шпионски закон поради својата улога за собирање и објавување на воени и дипломатски документи во 2010 и 2011 година и едно обвинение за завера поради извршен компјутерски упад.
Доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението може да се соочи со казна од 175 години затвор.
The post Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on септември 26, 2020 at 3:01 pm.