26.8 C
Скопје
14:58 - 7 мај, 2024

Зарем не смееме да се насмееме?

Претседателот на Собранието Талат Џафери денешната прес-конференција ја посвети (можеби е поточно да се рече ја злоупотреби) на весникот „Слободен печат“. Конкретно, на карикатурата од насловната страница на тема избор на петмина потпретседатели на парламентот на која пет лика го носат (нешто како рикша) спикерот, насловена: Талат петмина ќе го галат!

„Јас прифаќам слобода на медиуми, но таа не може да се судри со мојата слобода. Јас имам семејство, не можам да бидам изложуван на ваков потсмев дека некој треба да ме гали. Јас имам општествена и институционална култура, но и одреден личен конзервативизам, па ваков вокабулар ми пречи“, рече Џафери.

Од човек што прифаќа слобода на медиуми, каков што е Џафери, се очекува да знае дека карикатурата е еден од новинарските жанрови во кои правото на слобода на изразување се користи – максимално. Карикатурата, исмевајќи ги состојбите во општеството и личностите кои се на високи државни функции, неизбежно се „судира“ со нивните слободи, сфаќањеа, ставови и слично.

Како човек што има општествена и институционална култура, Џафери сигурно знае дека високите државни функционери мора да имаат и да покажат голем демократски капацитет, спремност и толеранција кон критиките на кои се изложени во медиумите и воопшто во јавната сфера. Да ги сфатат како дел од описот и пописот на нивното работно место. Дури и тие кои се претерани или им изгледаат за такви. Тоа демократско право е одамна освоено и усвоено во најважните (меѓународни) документи со кои се штити слободата на изразување. Таков висок праг на толеранција и разбирање се очекува особено од првите луѓе на храмовите на демократијата и слободата на изразување – парламентите.

Најпосле, намерата и целта на нашата карикатура не беше да се навреди или да се исмее спикерот Талат Џафери, ниту човекот Талат Џафери, туку да се искоментира и да се исмее идејата и намерата Собранието да добие петмина потпретседатели. Идеја што сè уште ја сметаме за штетна, скапа, а пред сè –  карикатурална.

Редакција „Слободен печат“

The post Зарем не смееме да се насмееме? appeared first on Слободен печат.


Зарем не смееме да се насмееме? was first posted on септември 11, 2020 at 3:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....