3.8 C
Скопје
18:59 - 18 декември, 2024

Заради коронавирусот останав без работа: Исповед на жена која во најтешките моменти остана без скршена пара

Светската епидемија на коронавирусот за жал остави многу луѓе без извор на приход.

Пренесуваме во целост исповед на една Британка која поминала баш низ таа ситуација:

„Минатата недела, ја изгубив својата работа како јога инструкторка во мал бизнис центар кој за време на минатите 18 месеци се градеше од темел. Сега неговите врати се затворени, веројатно за последен пат.

Би сакала да имавме подолго време да се подготвиме, а тие што се на власт да реагираа побрзо. Знаев дека работите ќе се променат, но не очекував дека веднаш ќе ме отпуштат. Почнав психички да се подготвувам за вести за драстично намалени часови или во најлош случај, план полека да се затвора се, што би реултирало со губење на работата до крајот на месецот.

Повеќе од 200.000 луѓе кои работат додатни часови во слободно време и во угостителство веќе се отпуштени од средината на февруари, а се проценува дека повеќе од милион работни места во земјата сега се празни, како што се и работните места кои ги нудат рестораните, пабовите и клубовите, кината и просторите за перформанси, и секако теретаните и фитнес студиата.

Тие работи беа важни. Не само на оние кои се потпираа на нив заради примањата, туку и на оние кои овие центри им служат за социјализација и одржување добро ментално здравје. Барем владата сега воведе мерки да ги подржи преземањата на бесповратни средства, заеми и намалени стапки на камата. За жал, малку прекасно е за мојата фирма, времето беше единствената работа која не беше на нашата страна. Во неделите кои претходеа на нашето затворање, моралот на персоналот беше многу висок и донесов одлука да не разговарам за коронавирусот, освен ако клиентот не ја започне темата. Ова не беше незнаење или обид да се намали тежината на ситуацијата, само сакавме да бидеме место каде луѓето можат да побегнат од стресот и паниката надвор од нашите ѕидови, па макар и на еден час.

Почнав екстремно да штедам пари и да се одрекувам од се, но веќе беше касно. Стигнаа вести за поголем дел од теретаните кои се затвориле. Цело време ставав „маска на храбро лице“, одговарав на телефонски повици, мејлови и пораки, уверувајќи ги клиентите дека намеруваме да останеме отворени додека не не присилат на спротивното. Сепак, беше многу тешко да се правам дека не ја гледам пропаста која ни се спремаше.

Кога ни беше соопштено дека центарот се затвора и дека сите остануваме без работа, реагирав мирно и пробав да го убедам својот вознемирен шеф дека ќе бидам добро, а всушност немав време да сфатам што навистина ме снајде и дали сум во состојба да бидам добро.

Ги разбирам и сопствениците, и тие се во голема загуба. Се надевам дека работата ќе продолжи кога овој пекол ќе пројде. На луѓето ќе им биде потребна јога повеќе од било кога претходно.

Имам среќа да имам сигурен кров над главата и поддршка на пријатели и фамилија, но многу ми е тешко бидејќи знам дека во новчаник немам ни за векна леб.

Се грижам што ќе биде со мене утре, но уште повеќе се грижам за мојата пријателка која нема бесплатна станарина, и за колешката која не може ниту да бара нова работа, бидејќи нејзиниот син не може да оди во училиште. Сите останавме да се грижиме, некој помалку, некој повеќе. На секого маката му е најголема.

Се случи тоа што се случи, не бевме спремни, никој не можеше да очекува вакво нешто. Идеме понатаму. Да ги почитуваме правилата за се да заврши што порано. И да се молиме дека нема веќе никогаш да се повтори“, напиша Британката.

The post Заради коронавирусот останав без работа: Исповед на жена која во најтешките моменти остана без скршена пара appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....