Познатиот американски рапер Канје Вест со хаотичен митинг во Чарлстон ја започна својата претседателска кампања.
Раперот својата кампања ја нарече „Роденденска забава“, а без микрофон се обрати пред неколку стотици луѓе и се расплака кога почна да раскажува како татко му сакал да се откаже од него, пренесува „Би-Би-Си“.
Кање дебатираше за аборусот, а за време на емотивниот говор носеше и панцир.
-Немаше да го има Канје Вест затоа што татко ми бил презафатен. Мајка ми ме спаси, зашто татко ми сакал аборус – изјави Вест и потоа почна да вика дека за малку ја убил ќерка си.
– Речиси ја убив ќерка ми. Ким можеби ќе побара развод од мене после овој говор, но таа ја донесе Норт на овој свет иако јас не сакав – додаде раперот.
Вест истакна дека мајките би требало да добиваат еден милион долари кога ќе се породат и дека абортусот би требало да остане легален.
Фановите и натаму не се сигурни дали влегувањето на Вест во претседателската трка во последен момент е само промотивен чин. Тој ја објави кандидатурата на 4 јули, но веќе го пропушти крајниот рок да се појави на гласачкото ливче во неколку сојузни држави.
The post Започна претседателската кампања на Канје Вест: На хаотичен митинг во панцир дебатираше за абортусот appeared first on Слободен печат.
Започна претседателската кампања на Канје Вест: На хаотичен митинг во панцир дебатираше за абортусот was first posted on јули 20, 2020 at 9:46 am.