12.8 C
Скопје
22:20 - 5 мај, 2024

Заев: Од извештајот на ЕК може да се заклучи дека земјата е на добар пат

Европската комисија денеска ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Северна Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Годинешните пакети на Европската комисија, како што истакнува Заев, имаат посебно значење бидејќи се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите-членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за Северна Македонија и конечно, во период кога го очекуваме одржување на првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.

-Радува што во извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на нашата Влада со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво. Се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати, пишува Заев на ФБ.

Посебно, како што наведува премиерот, се издвојуваат наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.

-Финансиската поткрепа од 9 милијарди евра преку ИПА, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој, пишува Заев на ФБ.

The post Заев: Од извештајот на ЕК може да се заклучи дека земјата е на добар пат appeared first on Слободен печат.


Заев: Од извештајот на ЕК може да се заклучи дека земјата е на добар пат was first posted on октомври 6, 2020 at 6:47 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....