3.8 C
Скопје
22:44 - 27 ноември, 2024

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги презентира сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница во вкупна вредност од 470 милиони евра, со кој, како што рече, не е заборавен никој. Заедно со претходните три пакети на граѓаните и стопанството, како што кажа,  за надминување на последиците од здравственп-еконосмката криза им се доделени над една милијарда евра.

Четвртиот пакет, кој има вкупно 31 мерка, е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка, Ги имаме предвид сите дејности, сите компании, а нашето внимание е насочено кон поддршка на работните места, на ранливите категории, невработените…, рече премиерот.

Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци.

Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе заиси од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари.

Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Втората мерка е платежна картичка за за поголеа потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители 182271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници.., рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

Оваа мерка е наменета за 280000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.

Меѓу мерките е и згоелмување на грејс период на бескапаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршказа туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.

Соопшти над 30 мерки меѓу кои и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, компании, земјоделци….

Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на макеоднските економски дејности и работните места.

The post Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО) was first posted on септември 27, 2020 at 2:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....