12.8 C
Скопје
00:15 - 3 мај, 2024

Обоено грчкото знаме на Кастелоризо, Грција очекува Турција да го осуди инцидентот

Со фрлена црвена боја, вчера беше оштетено грчкото знаме исцртано на карпа на островот Кастелоризо, за што денеска со осуда реагираше Министерството за надворешни работи на Грција и изрази очекување тоа да го стори и Турција и да ги пронајде одговорните, јави дописничката на МИА од Атина.

-Категорично го осудуваме вчерашното оштетување на грчкото знаме на Кастелоризо. Таквите неприфатливи постапки целат кон спречување на изгледите за деескалација на тензиите меѓу двете земји. Очекуваме турските власти веднаш да го осудат и истражат инцидентот, за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Грчките медиуми, повикувајќи се на турските медиуми, објавија дека Турци, со помош на дрон истуриле околу 100 килограми црвена боја врз грчкото знаме на Кастелоризо.

The post Обоено грчкото знаме на Кастелоризо, Грција очекува Турција да го осуди инцидентот appeared first on Слободен печат.


Обоено грчкото знаме на Кастелоризо, Грција очекува Турција да го осуди инцидентот was first posted on септември 27, 2020 at 12:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....