25.8 C
Скопје
15:34 - 28 април, 2024

Заев и Мицкоски тајно договараат датум за избори

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве зад очите на јавноста водат преговори за тоа кога да се одржат предвремените парламентарни избори. Тоа остава простор за претпоставка дека конечен политички консензус може биде постигнат пред крајот на третата вонредна состојба, што истекува в сабота на 30 мај.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера откри дека има канал на комуникација за датумот за изборите, но не сакаше да изнесе никакви детали околу тоа дали таа комуникација се одвива со посредство на странски амбасади или директно помеѓу партиските функционери.

– Јавноста ги знае нашите позиции за изборите. Треба да се постигне компромис во интерес на државата и на граѓаните, но не по цена на здравјето. Постои канал на комуникација, не би сакал да изнесувам детали и коментари за тоа, не се занимавам со таков тип брифинзи. Кога ќе има договор, и ако има, ќе го соопштиме на јавноста. Ќе повторам дека здравјето на граѓаните треба да биде на прво место за сите нас. Датумот на следните избори треба да биде договорен со консензус од сите што учествуваа на лидерските средби – рече Мицкоски.

Прашан за коментар на ставот на СДСМ дека ако нема договор, изборите ќе се одржат на 21 јуни по сила на закон, Мицкоски сугерираше дека во таков случај ќе го бојкотираат гласањето.

– Ако ценат дека така треба да ја менаџираат државата, нека им е со среќа изборниот процес – рече Мицкоски.

Владата ги укина сите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, сосе полицискиот час. Според премиерот Оливер Спасовски, потребни се стабилни институции и затоа мора да има избори во првиот можен рок.

– Потребно е враќање на институциите во нормален колосек, потребно е функционално Собрание. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена мора да се одржат избори. Затоа изборите треба да се реализираат во првиот можен рок кога ќе се создадат услови. Мораме што е можно побрзо да обезбедиме нова нормалност. Сите што се спротивставуваат на ова, придонесуваат земјава да биде во здравствена и во економска криза – рече Спасовски.

Тој не одговори на прашањето дали Владата ќе побара продолжување на вонредната состојба од претседателот Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет велат дека ако има приближување на ставовите на партиите, претседателот ќе свика лидерска средба.

– За тоа дали ќе има повторно прогласување вонредна состојба, ќе се утврди на седницата на Советот за безбедност, што е планирана до истекот на оваа, во зависност од тоа дали ќе биде доставен предлог од Владата, како и проценка на Советот за безбедност – велат од кабинетот на Пендаровски.

Вицепремиерот Бујар Османи оцени дека по 5 јули условите за избори ќе бидат отежнати бидејќи ќе се отворат границите и луѓето ќе заминат на одмори. Според него, во моментов најмалку е потребна нова политичка криза и затоа смета дека ниту една политичка партија нема да оди до својот екстрем и да предизвика криза во овие услови.

– Разликите за датумот не се многу големи. Мислам дека 5 јули не е лош и дека е датум околу кој може да се сретнеме сите партии. Ако ме прашате за ДУИ, партијата не спори ниту еден датум, од утре па до декември, кога е редовниот термин. Но, сметаме дека по 5 јули и до септември ќе има отежнати околности за одржување избори, така што очекувам да постигнеме договор околу овој датум – вели Османи.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во последната видеопорака повтори дека ни се потребни избори во првиот можен термин.

– Потребни ни се институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност и подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен. Новата нормалност значи организирање изборен процес, кампања и гласање според здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Покажавме дека заедно можеме да се избориме со невидливиот непријател и да го заштитиме јавното здравје. Сега е време да покажеме дека заедно можеме да ја обезбедиме новата нормалност и да ја рестартираме македонската економија – порача Заев.

The post Заев и Мицкоски тајно договараат датум за избори appeared first on Слободен печат.


Заев и Мицкоски тајно договараат датум за избори was first posted on мај 28, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....