Во кинескиот град Вухан, каде започна епидемијата која прерасна во пандемија со новиот коронавирус, денес е забележан само едно ново заразено лице. Официјалните лица веруваат дека Кина го надмина најтешкиот дел од кризата.
Во Кина денес се пријавени уште 20 случаи, од кои девет во Пекинг, а сите од нив се луѓе кои допатувале од Странство.
Кинеските здравствени власти бараат од сите кои доаѓаат од странство да останат во 14-дневен карантин, но не ги затворија границите. Илјадници Кинези кои студираат во странство сега сакаат да се вратат дома.
Сепак, коронавирусот продолжи да се шири на другите страни на светот, а Кина испрати заштитна опрема и медицински експерти во Италија, Иран и други земји кои се борат со епидемијата.
The post Вухан го надмина најтешкиот дел од кризата: Во некогашниот епицентар на коронавирусот регистриран само еден нов случај appeared first on Слободен печат.