16.8 C
Скопје
19:40 - 27 април, 2024

Парижани масовно „бегаат“ во внатрешноста, локалните жители стравуваат дека ќе им го донесат вирусот (ФОТО/ВИДЕО)

Ваквото однесување ги загрижи жителите на внатрешноста на Франција, и многумина стравуваат дека парижаните ќе им го „донесат“ коронавирусот и ќе го забрзаат неговото ширење, пишува „Блиц“.

Францускиот министер за здравство рече дека Владата нема намера да ги спречува луѓето да отпатуваат на други адреси, но додаде дека строгите огрничувања на јавниот живот ќе бидат на сила во во крајбрежните подрачја, како и во главниот град.

На париската железничка станица Гар ди нор патниците, од кои многу носат маски, се собираат на пероните.

– Повеќе би сакале да престојуваме во отворено опкружение, со поголема ќуќа со двор, отколку во стан во Париз – рече новнарката Камил, која патува на северот на Франција со својата мајка и партнерот. Двајцата имаат можност за работа од дома.

 

Бројот на жртви од коронавирусот во Франција достгна 148, а има околу 6.600 заразени.

– Парижаните кои го напуштаат градот ќе ги заразат и провинциите, само за да бидат блокиран на отворено. Овој егзодус е незамислив, себичен и претставува темпирана бомба – напиша еден корисник на Твитер.

Претседателот Емануел Макрон вчера соопшти дека земјата е во „војна“ против коронавирусот и објави рестрикции без преседан во послевоена Франција.

Тој им нареди на граѓаните од денес попладне да останат дома и им рече дека можат да излегуваат само поради купување на намирници, заминување на работа ако е неопходно, вежбање или медицински интервенции.

 

Француската војска ќе биде мобилизирана за да помага во префрлање на болните во болница.

Помошник-министерот за сообраќај Жан-Баптис Жебери рече дека интензитетот на сообраќање на брзите возови ќе биде намален за да се сузбие заразата.

The post Парижани масовно „бегаат“ во внатрешноста, локалните жители стравуваат дека ќе им го донесат вирусот (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....