23.8 C
Скопје
13:51 - 29 март, 2024

Вучиќ на канабето

Беше крај на ноември 2011, кога семоќниот и недопирлив Ѓукановиќ, господарот на Црна Гора, го посетија Тома Николиќ и Александар Вучиќ, тогаш, двајца политички аутсајдери, „грешниците“ на Воислав Шешељ. Но, момчињата ветуваа. А Мило секогаш имаше чувство за таленти. Заеднички го соопштија она што ќе го гледаме наредните години: ќе градиме најдобри односи помеѓу двете држави. Тома „ја држеше банката“, а младиот Александар повеќе делуваше од позадина. Беше среќен што го виде Тито, а насмевката од лицето не ја симна ни кога нашиот Дон го прашаа дали се плаши од „санадеризација“. „Тоа го раскажуваат политичките глувци на кои побрзо им треба дератизација, наместо санадеризација“. Тука Вучиќ научи нова лекција на темата за пресметката со неистомислениците.

Неполна година подоцна, Тома го победи некој Борис, а на власт дојде Александар Велики.

Некаде кон крајот на 2017 година еден деловен партнер од Белград, кога ја допревме политиката, ми рече дека со Ацо биле заедно во средно училиште и дека добро го познава, иако одамна не се сретнале. По изборите и неговата победа, им реков на пријателите – сега ќе видите како се брани власта!

Тој филм веќе со години го гледаме. Иако Србија по 5 октомври 2000 година, по падот на Милошевиќ, се понадева дека ништо слично веќе нема да гледа.

Александар Вучиќ/ Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Меѓу оние кои се плашеа од новата „радикалска власт“ беше и Д. Ј. Вучичевиќ, уредникот на тогашниот „Прес“, и неговиот дописник од Подгорица, Марко Милачиќ. Денеска, како и сите овие години, првиот е ударната тупаница на дворската пропаганда, а вториот е политички советник на Вучиќ и негов следбеник од Црна Гора. Што ти е судбина. Марко ме повика за да му дадам изјава и беше затечен кога ја поздравив победата на Тома и на СНС, бидејќи, реков, Србија покажува дека власта може да се смени на избори. А, тоа е главниот показател за демократската зрелост. Кој можеше тогаш да знае или да претпостави дека на чело на најголемата држава во регионот доаѓа човек кој непогрешливо знае – како се брани власта!

Веќе во 2015 година, на големата конференција на „Њусвик“ во Белград, во време кога Ацо Родиќ фаќаше залет да запее „Србијо, извини“, бев искрен кон српските пријатели: „Овој човек, А.В., си ја знае работата, можеше од Мило да научи, подгответе се за долго јавање.“

Зборовите на утеха беа дека тоа, сепак, не може да трае три децении како што е кај нас, бидејќи Србите не се толку покорни како Црногорците.

Некаде пред крајот на 2019 година, седев во Шуматовац со еден од опозициските прваци на Србија. Блуеше оган против Вучиќ, се закануваше дека опозицијата нема да излезе на избори, а кога спомна востание и крвопролевање, прашав дали е можно, со помош на големите сили, да се направи некаков договор со Вучиќ. Сепак, тој, реков, за овие 6-7 години економски ја дигна Србија од колена, ја засили нејзината позиција, ја насочи кон ЕУ, без разлика на сите кокетирања со Пекинг и Москва, како би било да му понудите достоинствено простување, имунитет и мало место во историјата. Соговорникот ми возврати. Знаеш каков човек е тој – кога би му понудиле да бира помеѓу мирното заминување, позитивното место во историјата или да виси на „Теразије“ – тој би го одбрал второво.

Бев вознемирен, во Србија ми живеат половина од роднините, Белград е најголема љубов на мојата младост, Србија најважен сосед. Дури ни платеници како Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои утре од кај Вучиќ би преминале кај Тачи, не би можеле на тоа да се радуваат. Од трафиките ме гледаа искезените вилици на тамошните таблоиди. „Информер“, „Ало“, „Српски телеграф“, „Курир“… Закани кон „шиптарите“, „усташите“, Сорос, масоните. Сето тоа после ќе го слушам од нашиот Медоевиќ. Колку е погубна таа пропаганда! Кога влегував во продавница, во такси, во трамвај, во пошта, во банка, во болница, тие денови, на сите тие места, ги гледав изморените лица на граѓаните на Белград, кои очигледно уште не беа почувствувале дека просечните плати им се речиси двојно поголеми отколку во 2012 година, кога Александар Вучиќ дојде на власт.

А, потоа, во последната година многу нешта се променија со филмска брзина. Во Црна Гора, не во Србија. Што на Вучиќ ќе му оди од рака, бидејќи тој, кој малку спие, многу работи, со фокусот што ретко се раѓа, подготвено ќе го дочека. Без Ѓукановиќ никогаш немаше да дојде на власт, но со оглед на тоа што во политиката сојузништвата не траат вечно, стори многу работи да го поттурне симнувањето на Мило од власт. Ако зборуваме за парите, не се тоа оние 20 и кусур милиони вложени во српските институции и богомолците низ Црна Гора, туку неодамнешното признание на Андрија Мандиќ, сабјата на Вулин во Црна Гора, дека изборната кампања на ЗБЦГ чинела еден и пол милион евра. „Тоа некој мораше да го плати“, призна лидерот на Демократскиот фронт. Кривикапиќ и Црквата не дадоа ни еден цент, вели, така што сомнението за тие пари падна врз самиот Вучиќ.

Тоа ми беше првата забелешка кога дојде на канабето. Тогаш му зборував за важноста од слободата на медиумите, за тоа како војната на Ѓукановиќ со „Вијести“ скапо го чинеше, на крајот и пораз на изборите. Ние во овие 15 години го изморивме и го фрливме на јажињата, Амфилохие само го нокаутираше.  Го прашав и за тоа како Јунајтед групата во Србија има критички медиуми, кои, според мојот мерак, атакуваат врз Вучиќ, додека во Црна Гора одржуваат пропаганда којашто го величи Мило? На крајот му ги спомнав и тајкуните и мафијата, а потоа Вучиќ влезе во студиото. Што рече таму, не е мое да пренесувам. Беше тоа партија шах, а српскиот вожд ужива во таа древна игра. Пионите му се омилени фигури. Тоа им го покажува на Мандиќ, Кнежевиќ и Медоевиќ. А топовите му се ударно оружје. Обожава кога ќе го собори кралот и кога ќе го преземе тронот. Амфилохие умре, Мило е готов, но не му појде од рака да поентира и да одржи говор со кој симболично би ја покорил Црна Гора. Тоа нема да му го заборави на владиката Јоаникие, за што, веројатно, ќе се увериме кога Архиерејскиот собор ќе гласа за новиот црногорски митрополит. Александар Вучиќ никогаш не заборава и никогаш не се откажува.

И сега, откако поразговаравме на канабето, можам да ви гарантирам – нема тој лесно да ја пушти Србија. Но, ни Црна Гора.

Пренесено од „Вијести“, Црна Гора

The post Вучиќ на канабето appeared first on Слободен печат.


Вучиќ на канабето was first posted on ноември 8, 2020 at 12:44 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....