Втор ден по ред во Кина нема пријавен ниту еден случај на новозаразен со коронавирус од локално потекло, иако бројот на увезени случаи со заразата достигна рекорд.
Исчезнувањето на епидемијата во Кина каде вирусот првпат беше регистриран во декември дава надеж за многу други земји кои се во изолација во настојувањето да го сузбијат ширењето на болеста Ковид-19.
Бројот на нови смртни случаи во Кина во последните недели е многу опаднат, а денеска кинеското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа умреле само три лица, што е најниското ниво откако во јануари почнаа да се водат статистики за болеста .
Сега главната грижа на Кина е да избегне заразените лица што доаѓаат од странство да создадат нов бран епидемија на нејзина територија.
Министерството денеска соопшти за рекордни 39 нови случаи на заразени во однос на 34-те од претходниот ден, што се вкупно 228.
Заради ризикот од враќање на епидемјата, повеќе градови и провинции, вклучувајќи го и Пекинг, воведоа сторги санитарни контроли за сите лица кои пристигнуваат од некоја земја, со задолжителен карантин од 14 дена, на посебно одредено место за тоа.
Со поместувањето на епицентарот на криата од Азија во Европа, и бројот на смртни случаи сега е најголем во Европа, каде само во Италија има починато 3.405 лица, додека во Кина тој број сега е 3.248 умрени.
The post Втор ден по ред во Кина нема ниту еден случај на новозаразен со коронавирус од локално потекло appeared first on Слободен печат.