6.8 C
Скопје
11:44 - 5 февруари, 2025

Во Србија по две седмици настава – заразени 52 ученика и 20 вработени

Во првите две недели од настава во основните и средните училишта, вкупно 52 ученици и 20 вработени се заразени со коронавирус, изјави српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ.

Тој во изјава за ТВ Пинк прецизира дека 25 ученици биле заразени во 1.250 основни училишта во Србија и дека од таа бројка шест ученици не доаѓале на училиште.

Шарчевиќ додава дека се работи за спорадични случаи, имајќи предвид дека во училиштата во Србија има околу 850.000 ученици.

Српскиот министер потенцира дека децата доаѓаат во училиштата со маски, се одржува растојанието, дека наставниците завршиле добра работа и дека училиштата денес се најбезбедно место, каде можноста за пренесување на инфекцијата е многу помала отколку во парковите, спортските терени каде децата обично се дружат вон настава..

Тој уште рече дека просветниот инпекторат секојдневно контролира дали се спроведуваат превентивните мерки во училиштата.

The post Во Србија по две седмици настава – заразени 52 ученика и 20 вработени appeared first on Слободен печат.


Во Србија по две седмици настава – заразени 52 ученика и 20 вработени was first posted on септември 16, 2020 at 10:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....