Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук сподели фотографија од лице излекувано од коронавирус, кое дарува крвна плазма во спомен на починатиот брат диџеј Ицко, кој ја изгуби битката со болеста.
„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош. Очекувам повик и за второ дарување, бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус.
The post Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма appeared first on Слободен печат.
Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма was first posted on август 11, 2020 at 8:30 pm.