Државите низ целиот свет се мачат со младите, кои со попуштањето на мерките одлучија да се вратат на опуштениот живот. Нивните излегувања во барови и клубови, забави на отворено и непочитување на дистанцата доведоа до тоа да има многу заболени од коронавирус, па експертите се повеќе предупредуваат на опасноста која се заканува на нвините животи или животите на нивните најблиски.
Полицијата постојано се обидува да ги спречи забавите на отворено, но постојано се организираат нови, што резултира со пораст на бројот на заразени со коронавирус меѓу младите во многу земји.
Светската здравствена организација (СЗО) неколку пати ги повика младите да бидат одговорни, но изгледа тоа не вроди плод.
– Иако е помалку веројатно дека младите луѓе ќе патат од потежок облик на Ковид-19, тие можат да ги заразат членовите на својата фамилија, вели Лотар Вилер, директор на германскиот Институт за јавно здравје.
„Не сте непобедливи“
За разлика од првиот бран, во вториот бран многу драви забележаа пораст на бројот на заболени меѓу младата популаци, па така властите во Канада одлучија да им порачаат на помладите од 40 дека не се „непобедливи“ во борбата со коронавирусот.
Дека се во право покажува и фактот дека во неколку гранцуски градови е воочен пораст на заразени меѓу младите кои се забавуваат во барови или на забави. ВО последните две недели помеѓу 40 и 50 отсто од новите заразени во Женева се поврзани со лица кои посетувале ноќни клубови, пренесува Јутарњи.хр.
Властите во Швајцарија и во други земји на тоа одговориле со повторно затворање на ноќните клубови и барови или со скратено работно време.
Славните и големи ноќни клубови во Ибица не се отворени, бидејќи регионалните власти одлучиле дека тие што имаат капацитет за повеќе од 300 посетители нема да работат ова лето од безбедносни причини.
– Младите е најтешко да се контролираат. Тие едноставно имаат желба за забава, рекол Фернандо Симон од шпанското Министерство за здравство.
Тој рекол дека можеби ќе биде потребно да се воведат казни за младите да се натераат да ги почитуваат правилата за физичка дистанца.
Природен имунитет
Предизвикот на сите држави е да пронајдат начин за да допрат до младите и нивната свест. Мариано Урало, социолог од мадридскиот универзитет, тврди дека младите укинувањето на карантинот го разбрале како враќање на неограничена слобода. Притоа, градските власти во Мадрид снимиле оглас со кој се обидуваат младите да ги убедат да го сфатат коронавирусот посериозно.
Видеото почнува со снимка од собир на млади луѓе кои пијат пиво по пиво во бар, а потоа играат во ноќен клуб. Во следната сцена се гледа пациент на респиратор, а последната сцена покажува крематориум.
Пораката на крајот гласи: „Тука е многу потопло отколку под маска“.
Некои експерти сметаат дека младите треба да бидат пуштени да стекнат отпорност на вирусот.
– Тие многу побрзо ќе стигнат до колективен имунитет, смета инфектологот Ерик Каумес од болницата во Париз Питие-Салпетриере.
The post Во 40 секунди прикажан целиот хорор на коронавирусот: Брутална видео порака за младите кои не ги почитуваат мерките (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Во 40 секунди прикажан целиот хорор на коронавирусот: Брутална видео порака за младите кои не ги почитуваат мерките (ВИДЕО) was first posted on август 10, 2020 at 10:40 am.