13.8 C
Скопје
20:13 - 3 мај, 2024

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Белорусија: Најмалку едно лице е убиено и десетици се повредени (ФОТО)

Најмалку едно лице е убиено и десетици се повредени додека белоруската полиција насилно ги спречуваше протестите кои во повеќето градови избија заради изборите на кои, според првичните резултати, долгогодишниот претседател Александар Лукашенко го освојува својот шести претседателски мандат.

Според локалните организации за заштита на човечки права, едно лице го изгубило животот откако било удрено од полициско комби, а десетици се повредени во судирите со полицијата по претседателските избори.

Фото: EPA-EFE/MARINA SEREBRYAKOVA

Во Минск се приведени повеќе од 50 луѓе, а повеќе од 120 во целата земја, соопшти организацијата за човечки права Виасна.

Опоцизиската кандидатка Светлана Тихановскаја одби да прифати пораз, меѓутоа повика на мир и испрати апел до безбедносните сили да се воздржат од насилство.

Здружението за заштита на човечки права Амнести Интернешнл утринава на Твитер напиша дека сведочеле како се „фрлени 6 шок-гранати и испалени неколку куршуми“ врз собраните луѓе во Минск.

Државните медиуми подоцна известиле дека ситуацијата е под контрола и дека во министерството за внатрешни работи се состанал кризниот штаб.

Податоците на режимските и независните излезни анкети драстично се разликуваат

Излезните анкети кои ги објавија белоруските државни медиуми покажале дека Лукашенко победил со околу 80 отсто од гласовите, а портпаролката на Тихановскаја, Ана Касулина изјавила дека тој резултат е „далеку од секоја реалност“.

Државната изборна комисија во понеделникот објави дека според првичните резултати Лукашенко освоил 80,23 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка 9,9 отсто од гласовите.

Фото: EPA-EFE/MARINA SEREBRYAKOVA

Од друга страна независните истражувања покажуваат дека Тихановскаја добила 71 отсто од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 отсто.

Засега не можат независно да се проверат податоците на ниту една страна

Изборите во недела не ги следеше Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) бидејќи не била повикана на време.

Неколку држави на Европската унија, вклучувајќи ја и Германија, ги критикуваа изборите бидејќи двата главни противници на Лукашенко, вклучувајќи го и сопругот на Тихановскаја, биле испратени во затвор пред изборите.

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лукашенко, заканувајќи се со полицијата,  веќе неколку пати ги предупреди граѓаните да не се вклучуваат во забранети собири во екот на изборите.

The post Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Белорусија: Најмалку едно лице е убиено и десетици се повредени (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Белорусија: Најмалку едно лице е убиено и десетици се повредени (ФОТО) was first posted on август 10, 2020 at 10:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....