12.8 C
Скопје
01:08 - 8 мај, 2024

„Кибер напади за пораз на Трамп“: Параноја во Белата куќа или вистинско мешање на кинески хакери во американските избори?

Хакери поврзани со кинеската влада ја напаѓаат американската изборна инфраструктура при претседателските избори закажани за есента, изјавил во неделата советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт Обрајан, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Обрајан претставува чекор подалеку од соопштението од Канцеларијата на директорот за националната разузнавачка заедница (ОДНИ), објавена во петокот, каде се наведува дека Кина ги шири своите обиди на влијание и дека Русија веќе пробува да се меша во кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Но, ОДНИ не го обвини директно Пекинг за обиди на хакирање на системите поврзани со американските избори.

„Тие би сакале претседателот да изгуби“, рекол Обрајан за Си-Би-Ес.

„Кина, како и Русија и Иран, се занимава со кибернетички напади и онлајн крадење на идентитети и такви работи кои се однесуваат на нашата изборна инфраструктура и интернет страници“, наведе советникот на Трамп.

Кина постојано ги отфрла обвинувањата на американската влада дека ги хакира американските претпријатија, политичари и владини агенции.

„Американските претседателски избори се внатрешна работа, немаме интерес да се мешаме во нив“, изјавил уште во април портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Обрајан вели дека САД откриле дека хакери се обидуваат да се инфилтрираат во интернет страници кои припаѓаат на канцелариите на државниот секретар низ земјата, кои се одговорни за организирање на избори на локално ниво и собирање на информации за Американците.

„Тоа е навистина причина за загриженост и не станува збор само за Русија“, рекол советникот на Трамп.

„Ќе има сериозни последици за било која земја која се обидува да се меша во нашите слободни и праведни избори“, предупреди Обрајан.

The post „Кибер напади за пораз на Трамп“: Параноја во Белата куќа или вистинско мешање на кинески хакери во американските избори? appeared first on Слободен печат.


„Кибер напади за пораз на Трамп“: Параноја во Белата куќа или вистинско мешање на кинески хакери во американските избори? was first posted on август 10, 2020 at 11:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....