3.8 C
Скопје
03:05 - 17 ноември, 2024

ВНИМАВАЈТЕ Телефонските измамници не мируваат: Досега „исцицале“ илјадници евра

Македонската полиција никако да им влезе во трагата на вештите „телефонски измамници“ кои со месеци им ги празнат џебовите на жртвите. Бројот на измамените граѓани за една година е голем, велат од полицијата. Но, голема исто така е и сумата пари која ја земале измамниците од наивните граѓани. Таа според првичните проценки надминува над 20.000 евра. Последна жртва на телефонските измами е 78-годишната Д.Р. од Скопје.

Истрага засега утврдила дека пред три дена жената била дома и гледала телевизија. Околу 10 часот, од непознат број на нејзиниот мобилен телефон и се јавило машко лице. Ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице-мигрант, а ќерка ѝ била со тешки повреди. Исто така, според пријавеното, лицето и кажало дека требала да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка и од одговорност. Жената исплашена за судбината на нејзината ќерка и нејзиниот партнер, рекла дека нема толку пари, но дека има 1.400 евра и 30.000 денари. Откако се спогодиле со непознатиот јавувач, во близина на нејзиниот дом таа се сретнала се машко лице на кое му ги дала парите. Подоцна, во телефонски контакт со нејзината ќерка дознала дека од наводната сообраќајка нема ништо вистина и дека е измамена, па за случајот ја алармирала полицијата.

Шеесет и осумгодишниот М.Б пријавил дека му се јавило непознато лице кое му кажало дека наводно „неговата ќерка направила сообраќајка“. Потоа, друго лице се претставило како полицаец и побарало пари да го прикрие случајот. Скопјанецот се согласил и пред сопствената куќа му дал пари на лицето. Откако се слушнал со ќерката попладнето, сфатил дека е измамен.

Полициските иследници велат дека овие таканаречени телефонски измамници работат во „парови“, а по некогаш и во „тројки“. Трдат дека оваа измама ја имаат „научено“ од бугарските телфонски измамници кои се рекордери по бројот на извршени измами и земени пари од жртвите.

– Според досегашните наоди на истрагата, базирана на исказите на жртвите, различен бил гласот на лицето кое се јавило, од тоа на лицето кое дошло по парите. Понекогаш, во некои измами се вклучени и жени. Измамите најчесто се случуваат во Скопје и во некои градови од Источна Македонија. Имаме случаи кога измамниците не успеваат во намерата, односно пикираните жртви, а такви ги има, многу се информирани за ваквите закани и не наседнуваат на приказната или пак посоченото нивно дете кое наводно сторило сообраќајка е крај нив, па измамниците набрзина го прекинуваат телефонскиот разговор. Претпоставуваме дека откако ќе обезбедат одредени податоци за пикираната „жртва“ измамниците и се јавуваат и ја раскажуваат „приказната“ за несреќата. Едно лице се јавува на телефон, додека втор оди со возило и ги зема парите од жртвата. Во одредени измами користат и трето лице, почесто жена, која стапува во контакт со жртвата и ја убедува во намерата. Шемата по која работат измамниците е иста. По ништо не се разликува. Веруваме дека постојат две групи кои делуваат во земјава, а освен досега пријавените измами, има најверојатно десетина измамени граѓани кои од срам од околината или од општеството тоа во полиција не го пријавиле – велат за „Слободен печат“ од полицијата.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не веруваат во јавувањата на наводните полициски службеници за измислени сообраќајни несреќи во кои учествувале блиски на лицето на кое му се јавуваат и му се нудат да му помогнат.

Не само во соседна Бугарија, туку и во Грција бугарските телефонски измамници измамуваат жртви кога и да им се укаже можноста. Грчките медиуми деновиве известија дека Бугарин е уапсен во грчкиот град Драма за телефонски измами. Висината на измамате е утврдена на 250.000 евра, но полицијата се сомнева дека сумата која бугарскиот граѓанин ја одзел со измама е неколкупати поголема. Само за два дена, тој измамил две жртви , од кои зел 120.000 евра. Според грчките полициски извештаи , Бугаринот работел по две сценарија. Според првото, се јавувал кај повозрасни луѓе со информација дека нивни блиски предизвикале сообраќајна несреќа и им барал пари за да избегнат судски спор и затвор. Според второто, се претставувал како роднина на тешко болен на кој му треба голема сума за итна операција.

The post ВНИМАВАЈТЕ Телефонските измамници не мируваат: Досега „исцицале“ илјадници евра appeared first on Слободен печат.


ВНИМАВАЈТЕ Телефонските измамници не мируваат: Досега „исцицале“ илјадници евра was first posted on август 27, 2020 at 6:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....