21.8 C
Скопје
20:26 - 18 мај, 2024

Владата донесе нови Уредби: По 14.500 денари за април и за мај за уметиците

На последната владина седница е донесена и Уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба.

Според Уредбата, естрадните уметници ќе може ретроактивно да очекуваат помош за април и за мај од по 14.500 денари.

„Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари, а за исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници“, соопшти Владата.

По 14.500 денари за фирмите и во јуни

Владата информираше дека е изменета уредбата за финансиската помош за работодавачите, така што оние што исполнуват услови, помош од 14.500 денари по работник ќе може да примаат и за јунската плата.

Претходно, министерката за финансии Нина Ангеловски информираше дека ќе важат истите услови за добивање помош, како и за април и за мај.

Помала такса за терасите на кафеаните

Со Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, се овозможува економска поддршка на угостителските објекти кои претрпeле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Според Уредбата, се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, и наместо да се плаќа од 5 до 15 денари за квадратен метар дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари .

Кофинансирање на семинари

Владата ја донесе и уредбата за најавеното кофинансирање на семинари, обуки и други настани од страна на компании во домашни капацитети.

Владата ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000,00 денари. Настаните обуките, семинарите и конференциите треба да бидат организирани во категоризирани угостителски објекти. Министерството за економија ќе објави јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците , соопшти Владата.

Субвенционирање на придонеси за медиумски работници

Ќе се субвенционираат придонесите за медиумските работници за јуни, јули и август, информираше Владата.

Уредбата е донесена на последната седница и во неа, како што иинформираат од Владата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со ковид -19 за време на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година.

 

The post Владата донесе нови Уредби: По 14.500 денари за април и за мај за уметиците appeared first on Слободен печат.


Владата донесе нови Уредби: По 14.500 денари за април и за мај за уметиците was first posted on јуни 11, 2020 at 9:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....