16.8 C
Скопје
05:32 - 19 мај, 2024

Интервју со амбасадорот Дан Ориан: Израелска ултра-напредна технологија наскоро пристигнува во Македонија (ВИДЕО

Израелскиот амбасадор Дан Ориан во интервју за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ најавува дека еден од најновите изуми наскоро ќе пристине во земјава, а се работи за VR очила кои ќе овозможат визуелно поврзување со доктор од каде било. Амбасадорот Ориан претстави и уште неколку израелски технологии наменети да помогнат при справување со коронавирусот. Поразговаравме и за моменталната политичка состојба во земјава, а амбасадорот вели дека Израел ја поддржува Северна Македонија без оглед на тоа која политичка партија е на власт. Во продолжение целосното интервју:

Пред се, каква е состојбата во Израел, дали има безбедни зони, дали се отворени училиштата? Како Израел се справува со коронавирусот?

-Израел се справува прилично добро. Би рекол дека на почетокот имаше многу стравови, сега се помалку. Имаме повеќе од 18 илјади инфицирани. Помалку или повеќе имаме по 1000 нови случаи дневно и за жал 298 луѓе кои починаа досега. Иако пред околу две недели почна стратегијата за олабавување на мерките и се отворија образовните институции, сепак 127 институции беа затворени оттогаш поради корона вирусот, но генерално со малку заразени. Големиот страв на почетокот беше дека можеби нема да има доволно место во болниците, доволно кадар за да се грижи за нив и се стравуваше дека нема да има доволно респираторни машини. Очекувавме дека ќе им бидат потребни на повеќе од 3000. Сега имаме 22 лица кои се приклучени на респираторни машини и околу 3000 респиратори како резерва, така што добро се снаоѓаме. Што се однесува до мерките за олабавување, пред неколку дена премиерот на телевизија изјави дека можеби треба да престанеме затоа што дел од луѓето не ги сфатија сериозно сите потребни мерки. Не се почитуваше дистанцата, луѓето се собираа во толпи, одеа кај роднините и одеа на други места. Се појавија грижи затоа мора да бидеме повнимателни во следните фази. Можам да кажам дека 98 проценти од образовниот систем работи, добро, возовите се уште не сообраќаат и ако го земеме за пример аеродромот, лани во мај имавме милион и 900 илјади луѓе кои доаѓаа или транзитираа низ аеродромот, овој мај имаме 27 илјади… што ви дава слика за тоа колку „пресушено“ изгледа. Но претпоставувам дека наскоро ќе го отвориме. Навистина се надеваме и дека ќе го отвориме директниот лет со Македонија, директниот лет за кој работевме многу да го добиеме. Се надеваме дека тоа ќе се случи брззо бидејќи поради короната беше одложено, но сигурен сум дека ќе имаме прослава кога ќе се случи.

Во Израел науката напредува многу брзо. Константно слушаме за нови иновации, нови технологии и вакцини кои се развиваат. Сега има неколку нови изуми за справување со корона вирусот и ако не се лажам дел од нив веќе им ги покажавте на неколкуте балкански амбасадори во Израел. За какви иновации се работи?

-Пред две недели, беше возможно да се видиме со амбасадорите. Ги поканив амбасадорите од регионот на Западен Балкан и сите заедно отидовме во канцелариите на ЕЛТЕЛ да ги видиме иновациите во здравството. Ги однесов амбасадорите да видат неколку нови технологии вклучувајќи го проектот наречен ТАМАР кој е одличен пример преку кој може да се види како израелските авијациски сили, израелската армија и одбранбениот систем ги здружуваат силите за да изнајдат решенија. Претпоставувам сте слушнале за ЕЛБИТ кој има центар за пилоти недалеку од Скопје, и тие развиваат специјални респиратори кои беа побарани од нашиот министер. Системот наречен ТАМАР може да биде многу релевантен во решавањето многу проблеми за институциите кои сакаат да знаат дали лицата кои пристигнале се добро. Системот се поставува на влезовите и од далечина, без контакт ги проверува неговите или нејзините индикатори. Веднаш на екранот можат да се видат: телесната температура, пулсот и многу други работи. И сето тоа од далечина, без допир што мислам дека е прилично импресивно. Веќе е инсталиран во една болница и се надеваме дека скоро ќе биде инсталиран на многу други места.

Ова е еден од изумите кои не прават многу горди, но и се многу релевантни во нудење помош на другите. Замислете од колкава помош ќе биде за парламентиот, болниците и за сите места кадешто поминуваат многу луѓе. Ова е еден систем кој би можел во секоја држава да помогне, вклучувајќи ја и Македонија. Втора иновација која е мислам дека е многу специјална е LIFE AID технологијата наменета за медицинска помош од далечина. Идејата е докторот да седи на едно место, а оној на кој му е потребна помош да биде било каде, на друг доктор или во парламент. Изгледа како кацига и со 3D технологија, VR технологија испраќа инструкции на далечина. Вакви уреди наскоро ќе дојдат во Македонија, се надевам дека ќе ги донесам јас. Веднаш штом полетаат авионите и јас ќе допатувам со овој уред. Третата иновација која не им ја покажав на амбасадорите, а е вредна да се истакне е наречена ТОЈТО. Идејата на уредот ТОЈТО е да го имате уредот дома во случај кога детето ви е болно и не знаете што му е, но не се чувствувате безбедно физички да посетите доктор. Уредот може да ги провери неговите симптоми и без да одите на доктор, можете да зборувате со доктор баш како што зборуваме ние сега. Докторот ќе ги добие сите потребни информации. Секако овде се работи на развивање технологија која ќе биде од корист и кога ќе нема корона, но особено е интересна и за справување со корона вирусот. Еден од новите изуми е наменет да спасува животи на плажа. Спасувачите ќе имаат прегледност кога има многу луѓе во водата и многу луѓе надвор од водата. Веќе успеавме да го инсталираме системот во Охрид и најверојатно првите проби со оваа иновација ќе бидт во Охрид.

И повторно, ова нема да помогне само во услови на корона, туку ќе биде корисно и во услови без пандемија. Имаме уште работи кои можат да помогнат. Уште една работа која овде се развиваше. Пред две недели судев на натпревар: Како да се справиме со короната. Изумот кој победи е наречен Хувер, тоа е вид на материјал кој се става внатре во обвивката на авионите било каде и апсорбира бактерии. Друг изум од Израел кој е раширен низ светот, но сега е особено важен е Оркам. Оркам е водечка израелска компанија која всушност ја посети вашиот претседател при неговата посета во јануари заедно со првата дама, точно пред да почне короната. Ги однесов да го пробаат апаратот, се сретнаа со изумителот Џошуа и се запознаа со функционалноста. Всушност е неверојатно, го ставате уредот покрај некој предмет и покажува се што пред него, дава многу информации за тоа што има во околината. Всушност уредот е многу важен за луѓе со проблеми со видот. Но не само луѓе со оштетен вид, туку и луѓе со послаба меморија можат да го користат. Уредот памти имиња и места, така што можам да избегнам многу проблеми ако не можам да се сетам на имињата на девојките. Не им кажувајте дека го споменав тоа. Последниот изум кој сакам да го споменам е МајИнтервју. Многу компании мораа да отпуштаат луѓе и сега бараат кадар кој може да ги задоволи новите потреби, но голем е бројот на компаниите кои регрутираат луѓе. Кога се регрутираат луѓе, потребно е одредено време, за секоја работа. Така што МајИнтервју е супер. На сите им дава време две или три минути да зборуваат, сите ве гледаат, бордот на директори ве гледа и да ги гледа вашите материјали. Така можат да кажат што недостасува, што им е потребно, можат да поставуваат прашања… Ова е одлично решение и за време за корона вирус, но и за времиња без корона. И секако се прашувате што е со вакцината. Многу експерти работат на ова прашање во Израел, се уште не го нашле решението кое го бараат, но јас сум голем оптимист дека најдобрите научници во Израел кој работат на вакцината и на лековите со здружени сили ќе најдат решение.

Господин Амбасадор вашата земја е исто така позната како рај за старт ап програмите. Кој е вашиот совет за нашата земја, што можеме да научиме од нашите израелски пријатели?

-Тешко е да се даде ваков совет на медиум бидејќи нема доволно време, но јас работам многу напорно на ова прашање заедно со Јован од Фондот за иновации и многу други партнери, да донесеме што повеќе иноватори во Израел, а кога тоа не е возможно правиме вебинари. Се обидуваме да направиме луѓето да соработуваат меѓу себе и со експертите од Израел. Но гледаме и на други работи во иднина. Без сомнение, најважната работа е да размислувате надвор од кутијата. Во Израел нема многу природни ресурси, така што голем дел од она што е постигнато и она што го постигнуваме денеска се должи на тоа што баравме други начини како да стигнеме до нив. Мислам дека ова е дел од нашиот дух. И мислам дека на многу луѓе и експерти кои сум ги сретнал во Македонија и оние кои сакам да ги сретнам, ќе им порачам дека им треба дополнителна мотивација и многу повеќе финансирање. Мислам дека вашата влада треба да обезбеди повеќе пари за стартапите бидејќи ова е иднината. Овде сега вложуваме повеќе од 150 милиони долари и тоа само за прашања поврзани со корона, така што ако имате идеја, дојдете ќе направиме стартап заедно.

Амбасадоре какво е вашето мислење за нашата политичка состојба? Се наоѓаме во состојба на криза без парламент и во предизборен период?

-До пред неколку години бев уверен дека нашиот политички живот е тежок, а потоа станав амбасадор на Северна Македонија и видов дека и вашиот систем не е едноставен. Бев таму сите овие години, преку лесните денови, до не толку лесните денови како справувањето со Грција и справувањето со Бугарија и многу други работи кои не беа лесно. Но Израел е тука. Без оглед на тоа дали земјата има централно лево или централно десно раководство, ние ќе ја поддржиме Македонија. Сакаме да ја видиме земјата просперитетна. За Израел, Република Северна Македонија е важен дел од Балканот и гледам многу работи кои можеме да ги направиме заедно. Многу ми е мило што наскоро ќе можам да се вратам и да ги посетам моите добри пријатели и да продолжиме со нашето многу сериозно партнерство.

За крај, едно лично прашање. Кое е вашето омилено македонско јадење?

-Па, без сомневање омилено јадење ми е ајварот. Но да бидам искрен, пробав прекрасни специјалитети од риба кога го посетив Охрид, каде и ги поднесов акредитациите пред многу години. Така што едвај чекам да се вратам, не само поради јадењето, туку и да се видам со сите не само на зум и на други уреди. Се надевам дека многу скоро ќе се вратам во Северна Македонија.

 

The post Интервју со амбасадорот Дан Ориан: Израелска ултра-напредна технологија наскоро пристигнува во Македонија (ВИДЕО appeared first on Слободен печат.


Интервју со амбасадорот Дан Ориан: Израелска ултра-напредна технологија наскоро пристигнува во Македонија (ВИДЕО was first posted on јуни 11, 2020 at 9:07 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....