3.8 C
Скопје
01:56 - 4 февруари, 2025

(ВИДЕО) Шекеринска до полковникот Ковачки: Да не ја ставаме политиката над Армијата!

Во ситуација кога стануваме членка на НАТО, наместо уште повеќе да ја тргнеме политиката од армијата некој се труди да ја вмеша во партиски битки само заради личен интерес, искоментира министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за назначувањето на полковникот Драган Ковачки за член во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека ова прашање било поставено и на вчерашниот Совет за безбедност, а ставот на присутните бил да се регулира оваа материја со законско решение, поточно преку Законот за служба, кој се усвојува во Собранието со обично мнозинство.

– Ставот на сите беше дека ова прашање треба законски да го регулираме, без да влијаеме на можноста некој да навива или членува одредени политички партии, но дефинитивно неприфатливо е униформата да биде дел од партиоските раководни структури, изјави министерката Шекеринска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја дели армијата и како опозиција, оценувајќи дека во партијата останале старите навики.

– Замислете ситуација кога има началник, заменик началник и директор на Генералштабот и едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО-ДПМНЕ, третиот во ДУИ, а дел од полковниците да заминат во ЛДП или Алијанса. На што ќе личи таа армија? Како ќе се чувствуваат припадниците на армијата ако луѓето кои ги раководат, што имаат униформа и се заколнале со таа униформа, на таа армија, на таа држава, тераат партиска политика? Не случајно порано не сме имале вакви состојби, покрај тоа што не сме имале целосни законски ограничувања. Сите водевме сметка дека Армијата треба да ја држиме над политиката, истакна Шекеринска.

Слободен печат го контактираше новоизбраниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој истакна дека не е време за политичка изјава.

– Во моментов извршувам службени задачи во Министерството за одбрана, а коментар за изјавата на министерката сум подготвен да дадам по истекот на работното време, вели Ковачки.

Полковникот Драган Ковачки беше првичниот предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нов технички министер за внатрешни работи. Сепак, во фотелјата седна Наќе Чулев, откако власта, односно СДСМ, негодуваше за името на Ковачки, повикувајќи се на член на Уставот, каде се наведува дека „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

The post (ВИДЕО) Шекеринска до полковникот Ковачки: Да не ја ставаме политиката над Армијата! appeared first on Слободен печат.


(ВИДЕО) Шекеринска до полковникот Ковачки: Да не ја ставаме политиката над Армијата! was first posted on септември 24, 2020 at 2:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....