11.8 C
Скопје
14:02 - 25 ноември, 2024

(ВИДЕО) ФЕЈСБУК ГО МЕНУВА ИМЕТО ВО МЕТА: Дали тоа ќе влијае на вашиот профил?

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг денеска претстави серија нови концепти насочени кон „Метаверзумот“, пренесува Гардијан. 

Тој најави и дека компанијата ќе го смени името во Мета. Социјалната мрежа ќе продолжи да го употребува своето име, а отсега „Мета“ ќе поседува три големи брендови: Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.  

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали што се случија неодамна.

„Живееме за она што го градиме“ 

 „Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да истакнам дека сега има важни прашања на кои треба да се работи. Секогаш ќе има“, рече Закерберг за време на конференцијата на Фејсбук за виртуелна и проширена реалност.  

 „Не сум сигурен дека некогаш ќе има добро време за многу луѓе да се фокусираат на иднината. Но, исто така знам дека има многу од вас кои се чувствуваат исто како и јас. Живееме за она што го градиме. Иако правиме грешки, продолжуваме да учиме и да градиме и да одиме напред“, рече тој.  

Испраќање холографска слика, виртуелни табели и слично 

 Фејсбук го пренесуваше во живо својот осми годишен настан „Connect“ за да ги прикаже своите најнови иновации и истражувања во проширената и виртуелната реалност. Тие ја претставија и својата верзија на Метаверс, комбинација на виртуелна и проширена реалност.  

Фејсбук прикажа серија видеа во кои се обидуваа да ја пренесат својата визија за Метаверс.  

Закерберг најави дека виртуелната реалност ќе се користи за разговори преку апликацијата „Messenger“, а планира да создаде виртуелен пазар и нема да може да продава виртуелни производи. 

„Вашите уреди повеќе нема да бидат во фокусот на вашето внимание. Очекуваме дека многу од овие технологии меѓусебно ќе се поврзат во рок од пет или 10 години. Многу од нив ќе бидат мејнстрим и многу од нас ќе создаваат и населуваат светови на дневна основа кои се детални и привлечни како овој“, рече тој. 

10.000 нови работни места во Европа  

Да потсетиме, Фејсбук пред десет дена објави дека ќе отвори 10.000 висококвалификувани работни места во Европската унија во следните пет години за да помогне во изградбата на Метаверс.  

Компанијата работи со други фирми за да развие „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како виртуелна и проширена реалност“ или Метаверс, изјави шефот за политика и јавни работи на Фејсбук на Фејсбук, Ник Клег.  

„Метаверзумот има потенцијал да помогне во отворањето пристап до нови креативни, социјални и економски можности. А Европејците ќе го обликуваат од самиот почеток“, додаде тој.

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Осиек и му се обрати на момче од публиката: „Дали си приморан да го правиш ова?!“

Еспресо

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Еспресо

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Еспресо

Хороскоп за 25 ноември: Јарците ќе бидат заводливи, Вагите ќе уживаат во ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....