2.8 C
Скопје
17:50 - 19 декември, 2024

Вања Петрушевска, наша убавица: Предрасудите за манекенството најчесто се кај постарите генерации

Погледнете го и запомнете го ова лице и име. Вања Петрушевска. Млада, талентирана, преубава Македонка, која е привлечена од професијата модел.

Фотографии: Зоран Поповски Аверел

– Уште како малечка кога за првпат почнав да ги забележувам познатите модели на големите билборди низ Скопје и насекаде на социјалните мрежи, бев воодушевена од оваа професија. На прв поглед ме воодушевуваше нивната убавина, но не беше само тоа. Тие девојки беа полни со самодоверба, моќен став и заведувачки поглед. Од тие моменти се креираше мојата желба за и јас да сакам да бидам една од нив.

Каков е патот до успехот и дали својата кариера ја гледаш тука?

– За жал, патот до успехот е тежок. Уште потежок во Македонија. Патот до успехот секојдневно бара многу посветеност, нега, внимание, и најмногу од од сè трпение. Јас мојата кариера не ја гледам во Македонија, иако имам доста сработено хонорарно, сепак, сè тоа го сметам за почетничкo искуство.

Мојата манекенска кариера не ја гледам во Македонија.

Во времето на глобализација и напредна технологија, што треба да се поседува за да се успее како модел надвор од границите на Македонија?

– Во време на глобализација и напредна технологија, едни од најефикасните алатки за успехот надвор од границите на Македонија се социјалните мрежи. За разлика од минатото, со нивна помош имаме појасна перцепција за самите модели и големите компании што ги застапуваат. Со помош на социјалните медиуми можеме да бидеме во тек со настаните и информациите кои тие ни ги пружаат, можеме да ги искористиме во наша полза и да тргнеме на вистинскиот пат кон успехот.

Досега се немам соочено со предрасуди и навреди.

Дали досега си се соочила со предрасуди во однос на манекенството и што те навредило? 

– Лично, досега се немам соочено со предрасуди и навреди. Мислам дека предрасудите околу манекенството најчесто се кај постарите генерации и луѓето кои немале некое искуство околу тоа што поточно се случува позади завесата кај моделите и манекенките кои професионално и со љубов ја вршат оваа работа.

Каква моќ има фотографијата? Дали ,,се продаваат“ соништа или реалност?

– Фотографијата има огромна моќ. Една фотографија има моќ да креира желби и соништа кај луѓето. Да ги мотивира луѓето да ги претворат тие соништа во реалност, без разлика дали тие соништа се да поседуваат одредено парче облека, поздрав и поубав физички изглед или пак, како во мојот случај, желба и сон за идна професија.

Фотографии Зоран Поповски – Аверел

 

The post Вања Петрушевска, наша убавица: Предрасудите за манекенството најчесто се кај постарите генерации appeared first on Слободен печат.


Вања Петрушевска, наша убавица: Предрасудите за манекенството најчесто се кај постарите генерации was first posted on јули 20, 2020 at 12:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....