16.8 C
Скопје
10:41 - 3 мај, 2024

Цаца Николовска: Ако се следат законите мора да се одреди датум за избори, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не

Година и пол се бориме. Нема функционер кој што не е на власти во опозиција со кого не сме разговарале околу обезбедување на средствата кои што ги имавме во буџетпот. Н,о за одредени личности, како претседателот на Собранието, законот не е јасен и не може тие средства на ниеден начин да се префрлат на Советот за граѓански надзор, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, судијката Маргарита Цаца Николовска.

Ниеден член не сака да чува документи дома, а нема место каде податоците може да се чуваат како државна тајна.

-Спорот е што наводно во Законот не постои одредба која што упатува дека финансиските средства можат преку Собрание да се префрлат на Советот, заради тоа што ние сме немале својство на правно лице. Морам да кажам дека не постои можност да се направи својство на правно лице мимо Собранието. А Собранието не признало, тоа е тело на Собранието. Не беа јасни тие аргументи. Уште еднаш повторувам, нема личност со кого не сме се сретнале, и кој не е запознаен и на кого не му е укажано на сите можности како би можеле да дојдеме до тие елементарни средства за функционирање. Ние имаме сертификати за државна тајна на највисоко ниво, а немаме место каде податоците може да ги трерираме, чуваме како државна тајна. А ниеден член не сака да ги чува тие документи дома, вели Николовска.

Околу денот за одржувањето на изборите, Николовска вели дека политичкиот консензус многу рестриктивно и формалистички го сфаќаме. Демократијата е во презентирање на различни мислења, но ако се следат законите, тогаш мора да се одреди датумот за денот на изборите, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не.

The post Цаца Николовска: Ако се следат законите мора да се одреди датум за избори, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не appeared first on Слободен печат.


Цаца Николовска: Ако се следат законите мора да се одреди датум за избори, без оглед дали тоа му се допаѓало на некој или не was first posted on јуни 15, 2020 at 8:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....