-3.2 C
Скопје
21:19 - 22 декември, 2024

ТРИБИНА ЗА ИДНИНАТА НА УНИВЕРЗАЛНА: Што побргу да се започне со реставрација и изградба на нова сала

Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), денеска, во организација на Град Скопје се одржа трибина за иднината на Универзалната сала која се смета за едно од најзначајните културни одбележја на нашата метропола.

На трибината учествуваа претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот, архитектурата, но и организатори на фестивали и манифестации кои низ историјата се одржале токму во Универзалната сала.

Од претходно беше објавен конкурс за изградба на нова концертна сала, меѓутоа како што потенцираше градоначалникот на Град Скпје, Петре Шилегов, тоа не е одлука, туку само една од опциите за да се најде идеално решение за овој објект, кој веќе пет години не е во функција.

Во текот на денешната трибина повеќето присутни го изразија својот став, дека на Скопје му е потребен нов објект каде домашните, но и странските гости ќе имаат прилика да ја забавуваат публиката, но истовремено нагласија и дека е неопходна реставрација на сегашната Универзална сала каде би се одвивале тие настани пред да се заврши со изградба на новиот објект.

Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура во Владата

-Опцијата за нова Универзална сала е смела и таа треба да се поддржи. Филхармонијата и МОБ не можат да ја заменат Универзална, таму не можат да се одржат такви музички и културни настани какви што би можело да се реализираат во Универзалната сала. Скопје е кандидат за Европски град на културата во 2028 година, но за тоа објектот треба да биде изграден до 2026, за да не се загрози програмата – изјави Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура во Владата.

Со сличен став е и директорот на Универзалната сала, Филип Аврамчев, кој ја истакна неопходноста од нов објект, меѓутоа укажа и на тоа дека е потребна реставрација на постоечката сала.

– Локацијата си има свои мани, како и самата сала. Мојот став е домаќински – да се направи реставрација и да ја „освежиме“, но на Скопје најмногу му фали концертна сала.  Мојата идеја е да се реставрира старата и уште утре да почне да се прави нова сала – истакна Аврамчев.

И Мартин Пановски од Асоцијација на архитекти смета дека треба да се изгради нов објект, но што е можно побргу за да не се создаде јаз помеѓу генерациите.

– Не гледаме нов симбол во Универзалната сала ако само ја реконструираме.Треба и да се промени мислењето кон просторот. Салата е руиниран леш. Не смееме да ги учиме децата дека така државата треба да се однесува со културните домови. Авторот не е Македонец, а објектот е монтажен и затоа треба да се сруши – гласи заклучокот на Пановски.

Мирко Попов од ПМГ Колектив се согласува дека што е можно побргу треба да се организираат настани во салата, но и дека е неопходен нов објект.

– Скопје е она што ќе го изградиме во моментот. Емоционалната реакција е врзана со спомени. Рокот на траење е истечен за овој објект. Треба да се сруши и да се изгради нешто ново. Но може да се најде начин како Скопјани да добијат еден нов простор и продолжување на традицијата со поврзување на генерациите. За концерти на популарна музика нема амбиент во СРЦ Борис Трајковски. И ако може навистина што е можно побргу да се изгради – рече Попов.

По завршувањето на трибината свое обраќање за медиумите имаше и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој потенцираше дека токму преку вакви конструктивни дебати и трибини ќе се донесе вистинска одлука за судбината на Универзална.

шилегов

– Кога се распиша конкурсот за изградба на нова Универзална многумина помислија дека тоа е одлука, но тоа не е така. Преку овие дебати ќе се донесе таа одлука, бидејќи сите засегнати страни треба да го дадат својот став. Мое мислење е дека треба да се реставрира Универзалната сала, но и да се изгради нов концертен објект кој ќе вклучува и летна сцена, а сметам дека најидеално место за тоа е кај сегашните оранжерии на „Паркови и зеленила“. Ова е само мое мислење и останува да видиме и да почекаме дали постојат шанси за реализација на оваа идеја – посочи Шилегов.

The post ТРИБИНА ЗА ИДНИНАТА НА УНИВЕРЗАЛНА: Што побргу да се започне со реставрација и изградба на нова сала appeared first on Слободен печат.


ТРИБИНА ЗА ИДНИНАТА НА УНИВЕРЗАЛНА: Што побргу да се започне со реставрација и изградба на нова сала was first posted on август 25, 2020 at 4:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....