14.8 C
Скопје
00:04 - 10 мај, 2024

Филипче: Апсолутно навремено ќе имаме пристап до вакцината против Ковид-19

Апсолутно навремено ќе имаме пристап тогаш кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна. Набавка за имунизирање на 20 отсто од населението е нешто што засега се смета дека е некоја разумна количина, согласно со сегашните сознанија. Во таа група од 20 отсто од населението влегуваат постарите лица, хронично болните, децата итн. Има ризични групи кои се први за вакцинација, но секако ги следиме и новите сознанија и препораки.

Ова го истакнува министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизијата Клан, во кое посочува дека набавката на вакцина против Ковид-19 за потребите на државава ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација, но и преку веќе добиената понуда од Полска, потребните количини за земјава да се набават преку механизмите на Европската Унија.

Тој истакнува дека се уште не се познати ниту количините, ниту како ќе се одвива распределбата по земји.

Во врска со вакцините против сезонски грип, тој вели дека годинава од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, се набавуваат 40.000 и плус 20.000 кои ќе се добијат од донација.

– Значи ќе имаме 60.000 вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Вакцината штити сигурно, со оглед на тоа што е четири валентна, од претпоставените вируси на сезонски грип или може да се јави сосема лесна форма на болеста, но апсолутно е препорачлива за луѓе кои веќе имаат хронични болести. Освен ризичните групи кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба, потенцира Филипче.

The post Филипче: Апсолутно навремено ќе имаме пристап до вакцината против Ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Филипче: Апсолутно навремено ќе имаме пристап до вакцината против Ковид-19 was first posted on август 25, 2020 at 4:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....