20.8 C
Скопје
19:46 - 1 мај, 2024

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се позитивни на коронавирусот (ФОТО)

Американскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, се позитивни на коронавирусот додека се на снимање на филм во Австралија.

63-годишниот оскаровец е моментално во Квинсленд снимајќи филм за Елвис Присли.

Хенкс на неговиот инстаграм-профил напиша дека откако тој и неговата сопруга Рита се чувствувале „малку изморено, како да се настинати“, веднаш одлучиле да се тестираат за вирусот и дознале дека се позитивни на Ковид-19.

Актерот истакна дека сега се лекуваат и ќе останат во изолација колку што е потребно.

Хенкс и Вилсон, која е позната американска пејачка и актерка, патуваа низ различни локации во Австралија и имаа објавено повеќе фотографии на неколку локации на нивните инстаграм-профили. Тие го посетија и Сиднеј, каде Рита имаше свој настап во реномираната Сиднејска опера изминатиот петок.

Локалните власти известуваат дека во моментов се проверува со кој се сè сретнал парот изминатата недела, за лицата да бидат да бидат тестирани и изолирани во карантин.

The post Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се позитивни на коронавирусот (ФОТО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....